посно тропско смути со спирулина и банана

Тропско смути со спирулина и банана – посно

Кремасто и освежително, тропско и екстра хранливо! Направи здрав избор и започни го денот со смути со спирулина и банана. Дава енергија и освежува, а тоа може да го потвриме ние. Често е наш тимски оброк, па така се роди идејата да направиме кратко видео од подготовката. 

Што е спирулина?

Спирулината е модро зелена алга, која е позната како супер храна. Ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини кои се потребни на телото и има бројни придобивки:

  • Ги намалува воспаленијата
  • Го подобрува здравјето на цревата
  • Го намалува нивото на шеќер во крвта
  • Го намалува холестерот

… и не само тоа! Прочитај ги 10-те докажани причини за да консумирате спирулина.

посно смути со спирулина и банана

Состојки:

  • 1 банана
  • ½ – 1 чаша ананас
  • ½ авокадо
  • 1 мала лажичка хавајска спирулина – Hawaiian Spirulina во прав
  • 1 мала лажичка ленено семе
  • ½ мала лажичка екстракт од ванила.
    1 – 1 ¼  чаша кокосово млеко. 

Подготовка:

  1. Бананата исечкајте ја на кругови. Ананасот и авокадото исечете ги на коцки. 
  2. Во блендер ставете ги банана, ананасот, авокадото, додајте ја спирулината во прав, лененето семе, екстрактот од ванила и кокосовото млеко. 
  3. Изблендирајте 10-20 секунди додека добиете хомогена смеса.
    Смутито послужете го во чаши или чинии и сервирајте по желба. На здравје!

Совети плус:

  • Ако обожавате екстра ладно смути, бананата и ананасот може да ги исечкате и замрзнете, а потоа да ги изблендирате. 
  • Хавајската спирулина во прав може да ја набавите од поголемите маркети низ земјата, а може да ја нарачате и онлајн со бесплатна достава преку веб продавницата на Тримекс. А сега имате супер можност и попуст од 40% за нарачка на спирулина во прав. Кликнете на линкот и искористе ја оваа прилика!
  • Наместо ананас во замена може да искористите манго. Лененото семе може да го замените со чија семе. 
  • Може да користите растително млеко по избор: бадемово, овесно…
  • Ако ти се допадна видео рецептот, разгледај ги моите профили и заследи ме: Instagram – @kocovska.marija, Facebook – Marija Kocovska, Youtube – Marija Kocovska, Tik Tok – @marija.kochovska.
смути со спирулина и банана посно

Топ 5 испробани рецепти со спирулина во прав

Ти требаат идеи плус со спирулина во прав? Разгледај ги нашите топ 5 испробани рецепти:

  1. Чиа пудинг со спирулина и авокадо
  2. Здрав посен намаз со авокадо без масло
  3. Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка
  4. Рецепт за здрави солени бисквити со спирулина
  5. Домашен песто сос од босилек со спирулина.

Автор на рецепт: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Рецептот е поддржан од Тримекс.

Сподели: