Чиа пудинг со спирулина и авокадо

Чиа пудинг со спирулина и авокадо

„Моето мото е вкусно, брзо и хранливо, што посебно се совпаѓа со моето прво лето како мајка. Веќе неколку години е познато дека сум страсен обожавател на чиа пудинг. Се прави исклучително брзо, а ми ги задоволува потребите за хранлив и полн оброк кој е важен за време на доење. Посебно го обожавам мојот рецепт со јогурт кој за мене стана препознатлив, а сега ви откривам нова комбинација за убаво енергично утро!“ – вели Катерина од нашиот тим за весникот Убавина и Здравје, каде беше објавен рецептот за чиа пудинг со спирулина и авокадо.

Ви препорачуваме да го пробате и препознатливиот рецепт на Катерина, Чиа пудинг со јагоди во чаша. А, како препорака за замена на јагодите, таа ви препорачува комбинација на банани и киви, банани и бобинкасто овошје или едноставно само малини, капини или боровинки. Неизмерно ќе уживате во која и да е комбинација.

Состојки:

*за 1 порција:

  • 1 банана
  • 1 помало авокадо
  • 1/2 до 1 лажичка спирулина во прав
  • 3 лажички чиа семе
  • 200 мл млеко – ставам кравјо или домашно бадемово, кокосово, оризово, овесно, по желба.

За сервирање и декорација:

  • зрна аронија или боровинки, кругови од банана, кокос, бадеми…

Подготовка:

  1. Во поголем сад ставете ја излупената банана и испасирајте ја со виљушка.
  2. Авокадото излупете го и додајте го во садот со бананата. Додајте ја спирулината во прав и повторно пасирајте за да се соединат.
  3. Додајте ги чиа семето и млекото, и убаво измешајте.
  4. Оставете да стои во фрижидер, најмалку 4 до 24 часа за максимално полн вкус и соединување на состојките на вашиот брз хранлив појадок.
  5. Сервирајте по желба со кругови од банана, зрна аронија, кокос, бадеми и уживајте во фантастичниот вкус на sezahrana.mk. На здравје!

Препорака од авторот:

„Од мене може да очекувате разни брзи, вкусни и хранливи рецепти. Обожавам да смислувам и креирам нови вкусови во кујната и да ги пренесувам преку фотографии кои „раскажуваат“. Ако го пробате рецептот, имате дополнителни прашања или сакате да го споделам направен од вас на моето стори, тагирајте ме или испратете ми во порака. Обожавам да готвам, а љубовта кон фотографијата целосно ја надополнува мојата желба да ви ги пренесам моите искуства и совети. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина.“

Ви препорачуваме да прочитате: Зелено детокс смути со киви и спирулина.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: