кога и каков чај треба да пиете

Кога и каков чај треба да пиете?

Иако многумина чаевите ги пијат само во ладните денови кога не се чувствуваат добро или имаат настинка, ние ги препорачуваме за консумација преку целата година. Чајот има многу лековити својства и помага во многу различни ситуации, го подобрува расположението и влијае позитивно на човековото здравје. А, дали знаете кога и каков чај треба да пиете?

Чајот е втор најконсумиран пијалок после водата. Некои видови на чај содржат скоро иста количина на кофеин како кафето, но антиоксидативните својства на чајот го прават многу подобар избор. Ако се двоумите кога и каков чај треба да пиете, прочитајте го текстот во прилог.

кога и каков чај треба да пиете

Наутро – црн чај

Црниот чај има посилен вкус и содржи повеќе кофеин отколку помалку оксидираните чаеви. Ако сакате да пиете пијалак со кофеин, пијте го црниот чај наутро бидејќи кофеинот започнува да делува во рок од 30-60 минути.

Пред ручек – бел чај

Белиот чај содржи многу есенцијални масла корисни за здравјето на луѓето. Содржи мала количина кофеин, поради што овој чај има деликатен вкус и арома.

После ручек – чај од нане

Освен тоа што има пријатен мирис и вкус на пеперминт, чајот од нане има и многу лековити својства. Ги ублажува болките во стомакот, спречува гасови и надуеност и го забрзува метаболизмот. Затоа, се препорачува барем една шолја чај од нане после ручекот.

Попладне – зелен чај

Ја забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти во телото. Исто така, содржи и кофеин кој ќе ви даде одредена доза на енергијa.

Навечер – овошен чај

Полн со витамини и антиоксиданси, овошниот чај е одличен за чистење на организмот од токсини и зајакнување на имунитетот. Најголема предност на овошните чаеви е тоа што не содржат премногу кофеин, така што нема да останете будни до утрото.

Пред спиење – чај од камилица

Чај од камилица пред спиење делува како средство за смирување и веќе долго време се користи во третманот против несоницата. Тоа е затоа што камилицата содржи апигенин кој е флавоноид. Флавоноидите се хемиски соединенија кои им даваат боја на растенијата и се богати со антиоксиданти, помагајќи му на вашето тело да се бори против токсините.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 начини да ги искористите употребените ќесички за чај.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: