7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин 1

7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин

Повеќето луѓе во стресните моменти посегнуваат по високо калорична храна како чипс или слатки со надеж дека ќе ја ублажат анксиозноста. Оваа храна за брзо време го подигнува нивото на ендорфин и серотонин, но сето тоа е само повремено решение кое на крај носи повеќе штета отколку корист по здравјето. Води до зголемување на телесната тежина, ниска самодоверба и лошо здравје, што уште повеќе ги потенцира стресот и анксиозноста, како и промената на телесната тежина. Токму затоа, ви предлагаме листа на здрави намирници кои го намалуваат стресот на природен начин, како и некои додатоци на природна база.

Ова не значи дека храната не може да помогне во неутрализирање на стресните симптоми. Само треба да се одберат вистинските намирници. Еве неколку комбинации на храна кои успешно го намалуваат стресот, а истовремено го подобруваат целокупното здравје и квалитет на живот.

7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин 2

Чај

Некои истражувања покажаа дека пиењето на неколку чаши чај дневно го намалува стресот, промовира здрав сон и го зголемува расположението. Материите присутни во зелениот и црниот чај имаат смирувачки ефект врз телото и на тој начин ги намалуваат негативните ефекти кои се резултат од стресот. Во студија спроведена во 2006 година, било утврдено дека лицата кои консумирале чај, а посебно црн чај побрзо се опоравуваат од стресот и истиот е помалку нагласен во споредба со оние лица кои не пиеле чај редовно.

Темно чоколадо

Темното чоколадо има бројни здравствени придобивки. Истражувањата велат дека редовните консуматори на темно чоколадо имаат пониско ниво на кортизол, хормонот на стрес, споредено со оние кои не се обожаватели на ова слатко задоволство. А флавоноидите присутни во неговиот состав, ги зголемуваат антиоксидантните својства во телото.

Масни риби

Лососот, туната и некои други видови на риба кои се богати со омега 3 масни киселини го намалуваат стресот. При тоа, студиите покажале дека редовната консумација на омега 3 масните киселини може да ја намали анксиозноста за речиси 20%. Масните риби, исто така може да го инхибираат производството на кортизол во телото, кој е познат како хормон на стрес. Доколку не сакате или не можете често да јадете вакви риби, може да земете додотоци на исхраната. Во врска со тоа, треба да знаете кои се со проверен квалитет. Масните киселини добиени од рибини масла треба да бидат молекуларно дестилирани, без холестерол и со гарантирано чисти износи на масни киселини во нивната природна форма. А токму такви се омега-3 на Now Foods. Овие додатоци во исхраната може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом, да ги купите низ аптеките во Македонија или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Овесна каша

Иако е општо познато дека консумирањето на јаглени хидрати го подобрува расположението, повеќето луѓе имаат тенденција да ги избегнуваат заради можно покачување на телесната тежина. Овесот е храна која изобилува со растителни влакна, па така подолго се задржува во органите за варење и со тоа го подобрува расположението.

Цитрусно овошје

Во една германска студија спроведена во 2002 година чија цел на испитување било цитрусното овошје, се покажало дека витаминот Ц помага во опоравувањето после стресни животни настани. Кај пациентите кои земале повисока количина на витамин Ц, драматично било намалено нивото на крвниот притисок, како и нивото на кортизолот, со што имале и подобар квалитетот на спиењето. Кога сме на темата, сега постои и нов вид на витамин Ц познат под името AlphaSorb-C, кој има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин ЦAlphaSorb-C се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц. Апсорпцијата на овој витамин е 4 пати поголема од стандардниот витамин Ц. За да го купите или да прочитате повеќе информации кликнете тука, посетете ги поголемите аптеки или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Млеко

Калциумот присутен во млекото помага во регулирањето на промените во расположението, а помага и во намалувањето на симптомите на депресија. Било забележано дека жените кои консумирале млеко пријавиле помалку компликации поврзани со ПМС и со репродуктивните органи. Казеинот е познат по својата релаксирачка способност и по тоа што го намалува стресот и го подобрува целокупното расположение.

Зелен лиснат зеленчук

Магнезиумот е минерал кој во изобилство е присутен во повеќето зелени лиснати зеленчуци. Познато е дека овој минерал ги релаксира мускулите и ја намалува анксиозноста. Како додаток на исхрана, го препорачуваме Magnesium Citrate на Now Foods,  кој значително помага во состојба на стрес и за здраво функционирање на нервниот систем. Може да го купите или повеќе да прочитате тука, да се информирате во поголемите аптеките или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Совет плус:

Бидејќи хроничниот стрес енергетски го исцрпува организмот имаме уште една препорака. Пробајте да го регулирате со специјално наменетата Rhodiola на Now Foods. Таа помага да се справите од последиците на долготрајниот стрес, како што се:

  • промени во хормоналната рамнотежа
  • ја намалува физичката сила и менталната способност
  • доведува до емоционална нестабилност, депресија, несоница, растревоженост
  • слаб имунитет
  • срцева аритмија
  • сексуална дисфункција
  • предвремено стареење
  • хронични болести, инфекции и карцином.

Повеќе за неа може да прочитате тука. Ако сакате да ја нарачате јавете се на телефонот +389 (2) 32 46 000 или посетете ја онлајн продавницата на Тримекс.

Ви препорачуваме да прочитате:  Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.

Сподели: