Здравствени придобивки од ферментираната храна

Кисела зелка, јогурт, кефир, кисели краставички, се само дел од намирниците кои се добиваат со ферментација. Здравствените придобивки од ферментираната храна се многубројни. Па, ви откриваме зошто овие намирници се толку здрави и треба да се консумираат почесто.

Храната добиена со ферментација се препорачува да биде што почесто застапена во исхраната бидејќи е богата со витамин К и пробиотици.

ферментирана храна 2

Во ферментирана храна спаѓаат:

  • кисела зелка
  • кисели краставички
  • јогурт
  • сирење
  • кефир
  • комбуха.

Витамин К – важен за целокупното здравје

Витаминот К е витамин растворлив во масти. Се појавува во неколку различни облици и игра навистина важна улога кога е во прашање општото здравје. Важен е за правилна работа на клетките и потребен е за двата хормони кои го регулираат калциумот. Бидејќи организмот не складира големи количини на витамин К, истиот е потребно редовно да се внесува преку исхраната. Само една чаша кисела зелка (заедно со течноста) обезбедува 100% од дневните потребни за овој витамин.

Пробиотици за подобро варење на храната

Ферментираната храна изобилува со пробиотици – здрави бактерии. Добрите бактерии присутни во цревата се задолжени за правилно варење на храната и заштита од штетни микроорганизми. Во последно време, луѓето консумираат сѐ повеќе процесирана храна, антибиотици и слично, што доведува до дисбаланс на добрите и лошите бактерии. Во тој случај преовладуваат лошите микроорганизми кои ја нарушуваат дигестијата и го слабеат имунитетот.

За максимално искористување на сите придобивки од ферментираната храна, неопходно е да се внесува што е можно повеќе храна богата со витамин К и пробиотици.

Ви препорачуваме да прочитате: Предности на киселата зелка.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: