Храна и витамини кои ја зголемуваат плодноста кај мажите

Планирате да го зголемите семејството и неколку месеци или години се обидувате, но безуспешно? Не се откажувајте од вашата цел! Поголемото едуцирање и промената на некои навики може да ви помогнат и да ве усреќат со нов член на фамилијата. Во последните две децении појавата на „неплодни” бракови е многу честа. Ваквата состојба може да биде резултат на неплодност на жената, но сѐ повеќе и на мажот. А дали знаете дека одредена храна и витамини може да ја зголемат плодноста кај мажите? Еве што препорачуваат нутриционистите и докторите:

Кога станува збор за забременување, речиси целото внимание е насочено кон жените. Интензивниот фокус е на исхраната и начините што можат да ги зголемат шансите за зачнување. Но, здравата исхрана е важна за двајцата партнери. Мажите играат клучна улога во процесот на создавање на новиот живот, а за тоа е потребна здрава сперма. Консумирањето на храна богата со витамини (Е, Ц) и минерали (селен) е суштински дел од остварувањето на оваа цел и зголемување на плодноста кај мажите.

плодноста кај мажите

Причини за машката неплодност

Најчести причини за машка неплодност се недоволниот број на сперматозоиди или анатомската абнормалност на спермата. Овие две состојби се среќаваат во над 40% од случаите.

Фактори кои можат да ги предизвикаат овие состојби се изложеност на тестисите на прекумерна топлина, изложеност на токсини или зрачење, консумирање алкохол, нарушувања на ендокриниот систем (хормонална нерамнотежа), неодамнешна акутна болест или треска. Вирусните заболувања што се појавија во последните месеци, исто така, можат да ја предизвикаат оваа состојба.

Храна која ја зголемува плодноста кај мажите

Мажите можат да ја зголемат плодноста со едноставни промени во исхраната. Нутриционистите препорачуваат:

  • Јадете доволно протеини и есенцијални масти. Најдобрите природни извори се: јаткастите плодови како бразилски ореви, бадеми, лешници, семиња (сусам, сончоглед) и житарици без глутен (просо, хељда, амарант, пченка, ориз…)
  • Консумирајте семки од тиква, сусам, кикирики и ореви. Тие се богати со аргинин – аминокиселина која го стимулира производството на сперма.
  • Јадете многу овошје. Главното „гориво“ што ја движи спермата е овошниот шеќер.
  • Елиминирајте ги анаболните стероиди. Тие можат да предизвикаат проблеми со хипофизата кои водат до хормонална нерамнотежа. Поради ова, спортистите честопати имаат проблеми со плодноста. Долготрајна употреба на стероиди може да предизвика трајна неплодност.

Витамини и минерали кои ја зголемуваат плодноста кај мажите

За нормално функционирање на организмот, потребен е баланс на витамините и минералите. При машка неплодност, од особена важност се витамините Е, Ц, Б6 како и минералот селен.

  • Витаминот Е е еден од најзначајните витамини кои помагаат за зголемување на плодноста на мажите. Овој витамин ја подобрува подвижноста на спермата, ги заштитува клетките од оштетување, па неговото внесување е неопходно. Намирници богати со витамин Е се: бразилско оревче, чиа семе, семки од сончоглед, семки од тиква, сусам, лен. Од суплементите со витамин Е, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Sun E од Now Foods. Витаминот Е е моќен антиоксидант кој го штити организмот од слободните радикали и има корисен ефект врз сите состојби придружени со зголемен оксидативен стрес.
машка неплодност
  • Витаминот Ц ја зголемува плодноста кај мажите. Тој помага за регенерација на витаминот Е и на тој начин заедно ја подобруваат функцијата на сперматозоидите. Токму затоа е важно овој витамин секојдневно да се внесува преку храната (лимон, портокал, црвени пиперки, киви...) и по потреба и како суплемент. Од суплементите го препорачуваме AlphaSorb-C од NOW Foods, кој е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција во споредба со обичниот витамин Ц.
  • Витаминот Б6 е на листата на витамини кои помагаат при машка неплодност. Внесувајте храна богата со витаминот Б6 како банани, бадеми, грашок, авокадо, чиа семе, ориз, семки од сончоглед, ананас и тиква.
  • Консумирајте храна богата со селен. Селенот ја подобрува подвижноста на спермата и протокот на крвта во простатата. Тој навлегува во митохондриите на сперматозоидите и на тој начин може да влијае на тоа како тие се движат кон јајце клетката. Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар го препорачуваме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување и стареење.
  • Цинкот за подобра плодност. Цинкот е многу важен не само за женската, туку и за машката плодност. Кај мажите помага за хормонски баланс и за созревање на спрематозиодите. Суплементацијата со цинк кај мажите може да ги зголеми бројот, силата и квалитетот на спремата. Наша препорака е L-OptiZinc®.  L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.
  • Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на гореспоменатите витамини и минерали, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk. Додатоците во исхраната се достапни и во поголемите аптеки низ земјата.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Селенот е есенцијален минерал во борба против неплодноста.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: