Има ли разлика помеѓу темен и светол мед 1

Има ли разлика помеѓу темен и светол мед?

Медот е храна која се произведува скоро во секоја земја од светот. Го користиме како храна и лек, како природен засладувач на омилените напитоци и десерти, во неизмерно многу комбинации. Притоа, многумина од нас, кога набавуваат веројатно го земаат првиот што ќе им падне на ум, штом ја погледнат полицата, а дали сте се запрашале дали има разлика помеѓу темен и светол мед? – Сега ќе ви откриеме што дознавме при истражувањето на темата.

Освен разликата во бојата која е очигледна, има и други, па како резултат на нашето истражување, а и во консултација со нашите пријатели од Рес-Ком, со задоволство ќе ве запознаеме со неколку од нив.

9 намирници кои спречуваат болка во грлото 3

Од каде доаѓа бојата на медот?

На нашите простори темниот мед обично се нарекува и е познат како планински мед, додека светлиот е познат како ливадски мед. Светлиот мед има светло златна до темно златна провидна боја, додека темниот има изразена и помалку провидна боја, во златно кафеава нијанса, која посебно е изразена ако е добиен од даб.

Се смета дека бојата зависи и од количеството на дожд кој паднал во тековната година. Што значи сезоната има влијание и не постои сигурност дека од иста локација секогаш би се добил идентичен мед и наредната година. Така, ако сезоната е сушна, медот ќе има потемна боја, па тоа е еден од одговорите зошто често пати има различни нијанси на медот, било да припаѓа на категоријата светол или темен.

Има ли разлики во хранливиот состав помеѓу темен и светол мед?

Некои истражувања велат дека во темниот планински мед, количината на антиоксиданси е поголема и дека тоа е уште една од причините зошто се препорачува повеќе за подобрување на имунитетот, зајакнување на крвта, правење на домашни лекови со коприва и слично.

На што се должи вкусот и како да знаете дали ќе ви се допадне?

Специфичниот вкус на секој од нив, зависи од избраниот или достапен нектар од кој пчелите собираат мед. На пример, кога пчелите собираат мед само од детелина, лаванда, сончоглед или зајачки трн, медот се нарекува ливадски и претежно потекнува од еден вид на цветови. Додека пак, кога пчелите собираат нектар од повеќе различни извори и создаваат „мешан“ мед од повеќе цветови создаваат планински мед.

Со тоа, вкусовите варираат од лесни и овошни, до силен и изразен богат вкус. Општо земено, светло обоениот мед нема силен вкус, додека темниот мед е баш впечатлив.

Некои производители, со цел истакнување на одредени здравствени придобивки прават комбинации од мед и додаваат други здрави состојки и растенија, па вкусот кој се добива може да зависи и од нив.

Темниот мед кристализира побавно од светлиот

Чистиот органски мед со текот на времето природно ќе кристализира, односно ќе се претвори од течен во грануларен. Притоа, зависно од тоа, од какви цветови, локација и сезона е добиен, медот може да има различна брзина на кристализирање. А генерално гледано, светлиот мед оформува гранули многу порано, споредено со темниот. Препорачуваме медот да го чувате на собна температура и да избегнувате ладни простории, затоа што тоа ја поддржува и забрзува кристализацијата.

Препорака за да си набавите мед со проверен квалитет

Кога станува збор за мед, без сомнеж, наш избор се медовите на Рес-Ком. Уживајте во слаткиот вкус и користете ги придобивките од природата! – Нивната палета изобилува со различни врсти на мед и навистина може да избирате по свој вкус и желба. Ако и вие, исто како нас сте љубител на темен мед, ви препорачуваме да си го набавите темниот дабов мед кој ни е е исклучителен фаворит. Има јако антивоспалително и антибактериско дејство, се користи за јакнење на имунитетот и при проблеми со респираторниот систем, помага во лекување на кашлица, воспаленија на грлото и синусите. Исто така, може да си купите ливадски, планински, цветен, липов мед, диет мед, мед од багрем… А, ако сакате да дознаете повеќе за нив, посетете ја нивната фан страница Res-Kom Resen, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489.

Нека храната биде твојот лек и лекот биде твојата храна!

Ви препорачуваме да прочитате: 3 комбинации со мед со ореви против анемија, висок притисок и чир на желудникот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: