велигденски колачиња

Велигденски колачиња

Празничната магија може да започне! Време е за украсување на велигденските јајца и празнично декорирање на домот. Но, и за правење на највкусните велигденски колачиња кои оваа година ќе ги красат нашите празнични трпези. Крцкави и меки, едноставно се топат во устата. Топло ви препорачуваме да ги направите и да се засладите со вашите најблиски.

Во декорацијата на овие колачиња вклучете ги и дечињата. Забавувајте се заедно во овие денови кога имаме можност да бидеме дома и да подготовуваме различни рецепти. Вклучете ја вашата креативност и оваа година направете ги најшарените и највкусните колачиња! 

велигденски колачиња

Состојки:

  • 1 чаша путер на собна температура
  • 1 чаша шеќер
  • 1 јајце
  • ½ чаша павлака
  • 3 ½ чаши брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол.

За украсување:

  • 1 белка од јајце
  • 140 – 180 г шеќер во прав 
  • 4 – 5 капки сок од лимон
  • прехранбени бои по желба.

Подготовка:

  1. Со помош на миксер изматете ги путерот и шеќерот. Додајте ги јајцето, павлаката и содата бикарбона. Добро измешајте.
  2. Потоа со постојано мешање постепено додавајте го брашното. Кога смесата ќе стане густа и тешка за мешање престанете со додавање брашно.
  3. Смесата префрлете ја на добро набрашнета работна површина и измесете ја со раце додека добиете мазно и не лепливо тесто.
  4. Вака замесеното тесто развлечете го со сукало во правоаголна кора и со помош на калап вадете колачиња од тестото.
  5. Колачињата редете ги во плех обложен со хартија за печење. Помеѓу секое колаче оставајте простор од 2 до 3 см бидејќи истите ќе пораснат во печењето.
  6. Вака подготвените колачиња печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 8 – 10 минути додека рабовите на колачињата станат малку кафеави.
  7. Во меѓувреме подгответе ја глазурата за колачињата од белка и шеќер во прав. Со миксер добро изматете ја белката заедно со шеќерот во прав и малку лимонов сок. Доколку смесата е премногу густа додајте уште малку сок од лимон, а доколку е течна додајте шеќер во прав. Во вака подготвената глазура може да додадете и прехрамбени бои.
  8. Со вака подготвената смеса украсете ги колачињата по желба. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Велигденски мафини со боровинки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: