Како да ги намалите симптомите од празничното јадење?

Веќе сме во средината на празничната сезона, која ја красат богати трпези, изобилство од различна храна и многу дружења со семејството и најблиските. Па, ретко кој може во овој период да одолее на трпезите. А, дали веќе ги чувствувате непосакуваните симптоми од празничното јадење?

За да се вратите во нормала и да го сочувате правилното варење на храната за времетраењето и по празниците, следете ги овие совети.

празнично јадење

Пијте многу вода

За да ја подобрите дигестијата, не постои поедноставен „лек“ отколку водата. Ова е од особена важност ако јадете пообилни количини на храна, како што е често се случува за време на празниците.

Водата ќе го потпомогне движењето на храната низ цревата, ќе превенира појава на подуеност и ќе ви помогне да избегнете констипација (запек).

Пијте една голема чаша вода заедно со појадокот, а потоа потрудете се преку целиот ден да бидете хидрирани. Доколку сте на работа, чувајте шише со вода на бирото.

Консумирајте квалитетни пробиотици

Високо квалитетните пробиотици може да ви помогнат да ги намалите симптомите кои многумина ги чувствуваат за време на празниците. Дали чувствувате подуеност, имате констипација или пак слаб имунитет? Пробиотоците може да ви помогнат при овие состојби, а тоа е научно докажано.

празнично јадење

Ги препорачуваме Acidophilus 4×6 од Now Foods кои во својот состав содржат 6 вида на пробиотици. Истите се создадени со природна ферментација и содржат високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Lactobacillus acidophilus, создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетните цревни бактерии, а со создавањето на ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на отпадот од организмот.

Acidophilus 4×6  е збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата. Производот можете да го купите од сите подобро снабдени аптеки, но и да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс.

Вежбајте редовно

Деновите се пократки, времето е ладно. Тоа е идеално за да поминуваме повеќе време пред телевизорот и помалку да вежбаме, но не е најдобро за здравјето. Затоа, грижете се за себе и во овие ладни денови и редовно вежбајте. Редовната активност ќе ви помогне да го одржите дигестивниот систем во добра форма, ќе ви го подобри расположението, го зајакнува имунитетот. Затоа…, не се оправдувајте. Пешачете, трчајте или доколку имате можност пливајте. Сѐ е тоа за подобро здравје!

А ако планирате да одите на зимски одмор, ви препорачуваме да прочитате: Како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување?

Сподели: