намирници кои треба да ги избегнувате за подобра дигестија

6 намирници кои треба да ги избегнувате за подобра дигестија

Имаш проблеми со варењето на храната? Надуеност, грчеви или запек? – Продолжи со читање и дознај дали некоја од долуспоменатите намирници ти предизвикува непријатности. Најчести причини за лош метаболизам се брзиот начин на живот, недостатокот на физичка активност, како и неправилната исхрана. Но, има и некои намирници кои се богати со растителни влакна, кои доколку се консумираат во поголеми количини може да доведат до надуеност и гасови.

Дел од нив можеби ти се познати, а за дел од нив сигурно ќе се изненадиш. Па, ајде да започнеме!

Пржена храна

Пржената храна во длабоко масло го одложува празнењето на цревата и предизвикува зголемено лачење на желудочни киселини. За полесно варење на храната препорачливо е да се избегнува обемна количина на пржена храна.

Лути пиперки и зачини

Зачинетата и лутата храна може да го вознемират стомакот предизвикувајќи болка, гасови и промени во празнење на цревата кои може да се слични на дијареа. Луѓето кои често имаат проблеми со варењето, подобро е да избегнуваат многу зачинета храна, а со тоа ќе си го зачуваат организмот од можни хронични потешкотии.

Млечни производи

Нема сомнеж дека консумирањето на млечни производи го снабдува организмот со високи количини на калциум, што важи за еден од најчестите и најлесните начини за снабдување на организмот со овај минерал. Но, тука мора да се напомене, дека постојат луѓе кои имаат не можат да ја варат лактозата од млекото, па кај нив може да се појави дијареја, грчеви и надуеност. Наместо тоа, ние ви препорачуваме повеќе да избирате ферментирани млечни производи како јогурт и кисело млеко, како и изварка и сирење доколку ви одговара во исхраната.

Алкохол

Алкохолот во прекумерна количина или доколку имате чувствителен желудник, може да ви прави проблеми на желудникот.  Кога тоа ќе се случи, варењето на храната не се одвива правилно и последователно на тоа телото не добива доволна количина на хранливи материи. Ако алкохолот се консумира во големи количини или едноставно желудникот не ви го поднесува, може да биде причина за дијареја и грчеви со болка.

Чоколадо

Ретко кој не сака чоколадо, но исто така и ретко кој знае дека и во какаото, а со тоа и во чоколадото има извесна количина на кофеин. Затоа, како и со секоја друга храна, не смее да се претерува со консумација на чоколадо, туку треба да се јаде ограничено и умерено.

Кафе и газирани пијалоци

Кафето најчесто е првиот утрински пијалак на многумина. Но, не секогаш влијае поволно и не секому е од корист. Консумирањето на кофеински и газирани пијалоци во големи количини предизвикуваат иритација и желудочни киселини, а поради тоа можат да се појават грчеви и надуеност.

Пченка

Пченката е богата со растителни влакна и целулоза која е тешко сварлива  за желудникот. Ако не ја џвакате доволно, овие хранливи материи  едноставно ќе поминат речиси недопрени низ дигестивниот систем, а тоа ќе предизвика надуеност.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 напитоци кои се здрава замена за кафе.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: