4 начини да ги надминете проблемите со стомакот при прејадување 1

4 начини да ги надминете проблемите со стомакот при прејадување

Сигурно како многу други, во текот на празниците јадете повеќе храна од вообичаено. Ако и вас после поголемата количина на храна ве мачат проблеми со дигестивниот систем, применете некои од нашите совети кои во голема ќе ви ги олеснат проблемите со стомакот после прејадување.

Нареден пат кога малку ќе претерате со обилен внес на храна, потрудете се при рака да имате некои од следниве состојки кои брзо и ефикасно може да ви ги олеснат тегобите.

4 начини да ги надминете проблемите со стомакот при прејадување 2

Чај за подобра дигестија на храната

Иако во моментите на прејаденост ви изгледа дека не можете повеќе да изедете или испиете ништо, добро е да се обидете да се напиете по некоја голтка чај, кој ќе ви го смири стомакот и ќе ви ја подобри дигестијата. Најдобро би било да консумирате чај кој во себе не содржи кофеин и вештачки ароми. Камилица е најдобриот избор на чај при такви ситуации.

Нане и мента природно ослободуваат од гасови

Ако навистина сте се прејале, ви препорачуваме да земете бонбона со вкус на мента која природно ослободува од гасови, поттикнува подобра работа на дигестивниот систем и ги ублажува мачнините. Но, доколку имате проблеми со рефлукс (враќање на желудочни киселини кон усната шуплина) би требало да избегнувате чај од нане и мента, бидејќи може да предизвикаат киселини. Во спротивно, слободно напијте се чај од нане или џвакајте мастика со вкус на мента.

Прошетајте

Иако после обилен оброк, најчесто подлегнуваме во искушение да одмориме, тоа е најлошата варијанта што може да ја одберете. Мотивирајте се себе си да направите кратка прошетка, а на тој начин ќе ја стимулирате и подобрите дигестијата на храната. Така, ќе го спречите и враќањето на киселините од желудникот, бидејќи гравитацијата ќе си го направи своето.

Активен јаглен

Доколку ова што ви го набројавме погоре не ви помага, посегнете по лекови. На прво место тука е активниот јаглен кој може да ви ги олесне тегобите за краток период. Сепак, трудете се тоа да ви биде последна опција и не дозволувајте да ви премине во навика.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 совети за подобро варење на храната.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: