Новогодишни декоративни ѕвезди од хартија 1

Новогодишни декоративни ѕвезди од хартија

Новогодишите празници се наближуваат, па ни останува уште малку време да завршиме со сите подготовки и декорации за пречекот на најлудата ноќ. Но, често готовите украси се прескапи, па затоа  ние имаме една супер идеја за изработка на декоративни ѕвезди од хартија кои нема да ве чинат речиси ништо. Единствено ќе треба да одвоите само малку од вашето време кое нема да биде залудно потрошено, затоа што крајниот резултат е навистина неодолив и прекрасен.

Ова е одличен начин да ја истакните вашата креативна страна. Иако на прв поглед изработката на овие хартиени ѕвезди може да ви се чини комплицирана, тоа воопшто не е така. Погледнете го ова видео и уверете се и сами колку е лесно и едноставно.

Потребни материјали:

  • 6 листови хартија со диминзии 21*30 см
  • ножици
  • молив за бележење
  • селотејп
  • линијар
  • хефталица.

Начин на изработка:

  1. Од хартијата исечете 6 еднакви квадрати и превиткајте ги на половина во облик на триаголник.
  2. На најдолгата страна од триаголникот, обележете точки со молив на секои 3 см.
  3. Со помош на ножици од обележаните точки сечете кон врвот на триаголникот, но не до крај. Сечете од двете страни така што исечените линии да образуваат паралелни триаголници.
  4. Исечените триаголници спојувајте ги со селотејп, напоредно од двете страни на хартијата така што ќе добиете 3Д форма.
  5. Добиените форми наместете ги така што ќе личат на ѕвезда и спојте ги со помош на хефталица.

Ви препорачуваме да прочитате:  Направете новогодишен венец од цевки.

Сподели: