идеи со плескавици

5 креативни начини за подготовка на плескавици и ќофтиња

Љубител сте на мелено месо и плескавици, но постојано ги подготвувате на ист начин – печени на скара или пржени во тава и веќе ви се здосадиле? – Доколку сакате да експериментирате и да направите нешто поинакво и иновативно во кујна, тогаш погледнете ги овие интересни начини на кои може да подготвите плескавици и ќофтиња. Има за сечиј вкус по нешто, а за вистинските гурмани имаме неодоливо гастрономско уживање.

Кој е за сочни плескавици со сланина или јајце на око подготвено во мелено месо? – На креативноста и нема крај. Сѐ што треба да направите е да одвоите малку време, да набавите квалитетно месо и да ѝ се препуштите на вашата фантазија. А кога сме кај квалитетот за меленото месо, топло ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Секогаш свежо месо и со врвен квалитет кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Во продолжение прочитајте ги нашите 5 интересни и креативни начини за подготовка на плескавици.

идеи со плескавици

Сочни ќофтиња со сланина

Супер идеја која веруваме дека ќе го привлече вашето внимание и ќе ја испробате во првата прилика! За да бидат посебно сочни и вкусни, ќофтињата и плескавиците замотајте ги во ленти сланина и печете ги на скара или во рерна. Ова особено ќе им се допадне на вистинските гурмани. Па, следен пат штом набавувате мелено месо од месарниците на Агриа, купете и чадена сланина и пробајте овој вкусен специјалитет.

Полнети плескавици и ќофтиња со кашкавал

Уште еден супер предлог за поразличен ручек. Сочно месо и кашкавал кој се топи… Еве како може да ги направите. Формирајте мали топчиња. Потоа во внатрешноста на секое топче ставете парче кашкавал и формирајте ќофтиња. За да направите полнети плескавици формирајте слаби кружни кори од мелено месо. Врз кората ставете парче кашкавал и додајте ја втората кора од месо. Формирајте плескавица. Вака полните плескавици печете ги на скара или испржете ги во тава.

Плескавици со јајце на око

Обликувајте ги плескавиците на вообичаен начин, па со помош на чаша отсечете едно крукче од средината. Вака подготвената плескавица ставете ја да се печи. Кога ќе биде при крај, во средината скршете едно јајце на око и продолжете со пржењето уште 3 до 5 минути.

Направете симетрични плескавици и ќофтиња

Една поголема, една помала… Како да направите плескавици со еднаква големина? – Смесата за плескавици ставете ја во ќесичка со зип затворање. Меленото месо рамномерно распоредете го во ќесичката, а потоа исечете го на еднакви коцки.

Сте купиле поголема количина на мелено месо? – Направете плескавици или ќофтиња и замрзнете ги

Дали сте знаеле дека плескавиците може да стојат во замрзнувач и до 3 месеци? – Ако сте набавиле поголема количина на мелено месо, обликувајте плескавици, ќофтиња или ќебапи, ставете ги во посебни ќесички за длабоко мрзнење, истиснете го воздухот и добро затворете ги. На тој начин секогаш ќе имате спремни јадења кои ќе ви бидат од корист кога брзате или ви се најавиле гости. Едноставно испечете ги или испржете ги и ќе имате вкусно јадење на кое никој не може да одолее.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: