Мусака од модри патлиџани 1

Мусака од модри патлиџани

Една од омилените летни мусаки е баш неодоливата мусака од модри патлиџани, па да ја направиме барем еднаш во сезоната! Иако наликува на комплицирана постапка, се е многу едноставно.

„Припремата ќе си ја олесните максимално, така што ќе припремите смеса за палачинки и ќе ја користите за похување. Во одделен сад, припремајте го филот и на крај се убаво соединете, кратко запечете во рерна и ручекот е на трпезата.“ – вели нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone.

Мусака од модри патлиџани 2

Состојки:

  • 2-3 модри патлиџани со средна големина

За фил:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • сол и црн пипер по потреба
  • сечкан магдонос
  • рузмарин по вкус.

Смеса за похување:

  • 1 шолја брашно
  • млеко или минерална вода по потреба
  • малку сол
  • прстофат црн пипер
  • 1 јајце.

За преливање:

  • 2 јајца
  • околу 300 мл минерална вода
  • малку кашкавал за посипување.

Подготовка:

  1. Модрите патлиџани измијте ги, излупете ги, па исечете ги на тенки кругови. Потоа посолете ги и оставете ги да стојат 10-тина минути. За тоа време ќе пуштат сок, кој слободно можете да го впиете со кујнска крпа.
  2. Направете густа смеса како за палачинки, со вода или млеко по желба.
  3. Исечените патлиџани спуштајте ги парче по парче во припремената смеса и пржете на загреано масло додека малку заруменат од двете страни. Извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.
  4. Припремете го филот. На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, додека стане стаклест на изглед.
  5. Додајте го меленото месо и зачинете по вкус, па динстајте ги заедно 10 минути.
  6. Во длабок сад за печење, наредете еден ред од модрите патлиџани, па распоредете одозгора половина од филот. Постапката повторете ја уште еднаш, а внимавајте најгоре да завршите со ред модри патлиџани.
  7. Мусаката прелијте ја со разматените јајца и минерална вода, а потоа посипете со ренданото сирење.
  8. Ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени за околу 30 минути. Послужете топла или млака со павлака за прилог. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Мусака од компири со мелено месо.

Сподели: