Брза и лесна салата со компири и спанаќ

Додека пазарите изобилуваат со свеж спанаќ, искористете го моментот и направете ја оваа брза и лесна салата. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна. Оваа салата со компири и спанаќ зачинета со ладно цедено масло од семки од тиква е одличен избор за сите кои сакаат да се хранат здраво и внимаваат на својата линија. Можете да ја послужите како гарнир со главното јадење или како засебен оборк.

А сигурно се прашувате зошто е добро ладно цеденото масло од семки од тиква? Ова масло има бројни полезности врз здравјето на човекот. Тиквините семки содржат висок процент на масло (до 50%), во кое доминираат есенцијалните масни киселини, кои човечкиот организам не може да ги произведе сам по себе. Исто така, семките од тиква се богати со витамините А, Б1, Б2, Ц, Д, Е и К, и минерали, особено фосфор и цинк.

Брза и лесна сезонска салата

Состојки:

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги и ставете ги да се варат во солена вода.
  2. Спанаќот убаво измијте го под млаз ладна вода, а потоа исечкајте го. Ставете го во подлабок сад.
  3. Кримидот излупете го, ситно исечкајте го и додајте го во садот со спанаќот.
  4. Сварените компири оставете ги кратко да се изладат, а потоа излупете ги и исечкајте ги на коцки. Сечканите компири ставете ги во садот со кромидот и спанаќот. Додајте ги телешкиот бујон и јаболковиот оцет. Зачинете со сол и црн пипер по вкус и измешајте.
  5. Салатата сервирајте ја и прелијате ја со 3-4 лажици ладно цедено масло од семки од тиква. Декорирајте со свеж магдонос по желба и послужете. На здравје!
салата со компири

Совет плус:

  • Во салатата може да користите млад или црвен кромид, зависно од сезоната.

Наша препорака:

За подготовка на овој рецепт ние го избравме ладно цеденото масло од семки од тиква на Фила. Ладно цеденото масло од семки од тиква е погодно и за солени и за слатки јадења. Се користи за подоготовка на супи и сосови и во некои австриски пекарски производи. Маслото од семки од тиква има богат, јаткаст вкус и многу добро се вклопува во разни преливи за салати и маринади. Може да се користи и како прелив преку варени оброци. Пожелно е ладно цедените масла да не се користат за термичка обработка на јадењата.

Ладно цеденото масло од семки од тиква сега може да го набавите со 10% попуст од поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила.

масло до семки од тиква

За сите новости и акции, заследете ја Фила на Facebook – ФИЛА МАСЛО и Instagram – @fillacoldpressedoils.

Ви предлагаме да прочитате: Брза посна салата за слави.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан и инспириран од Фила.

Сподели: