пржени спирали од компири

Пржени спирали од компири

Крцкави однадвор, а меки одвнатре! Ако ви е здосадено од пржени компири или пире подготвувано на еден ист начин, имаме одлична идеја за вас! Време е за интересни спирали од компири! 

Нешто ново и вкусно за секоја трпеза, совршено за со тартар сос или кечап. Компирите се многу вкусна храна и идеален гарнир на скоро секое јадење. Омилени се на многумина, а посебно на децата. Со едноставни состојки и на лесен начин ќе направите вкусно мезе за вас и вашите најблиски. Рецептот го најдовме на Инстаграм профилот на Сика и со задоволство го споделуваме со вас.

спирали од компири

Состојки:

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки. Сварете ги и изрендајте ги или изгмечете ги со преса за пире. Оставете ги да се изладат.
  2. Во садот додајте ги јајцето, густинот, пармезанот и млекото. Ставете буковец по желба и зачин сушен зеленчук од Сика. Посолете по вкус и убаво измешајте.
  3. Подготвената смеса ставете ја во готварски шприц и во средно загреаното масло во тава, формирајте спирали. Испржете ги од двете страни.
  4. Откако ќе ги испржите ставете ги на хартија за да се впие вишокот на маснотијата.
  5. Готовите спирали послужете ги додека се топли во комбинација со сос по ваша желба. Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Ви се допадна рецептот? – Повеќе рецепти и интересни идеи, погледнете на веб страницата на Сика и следете ги на нивните Инстаграм профил – @sika spices и Facebook фан страница.

Ви препорачуваме да прочитате: Кремаста салата со тестенини и пилешко месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: