треба да ги избегнувате при

5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на кременадли

Колку пати ви се случило да подготвите свински кременадли, а тие да не ви се погодат и да не ги исполнат вашите очекувања? Кога се готват правилно, кременадлите имаат меко, вкусно и сочно месо. Може да ги послужите како едноставна вечера или пак како специјалитет за некоја специјална пригода. Но, често пати наместо вкусни, сочни и меки кременадли, тие може да бидат препечени, суви и тегави. Затоа, погледнете ги најчестите грешки треба да ги избегнувате при подготовка на кременадли и за време на велигденските празници направете вкусен специјалитет.  

Без разлика дали ќе ги пржите, печите во рерна, на скара или пак динстувате, следете ги нашите совети со кои ќе ги избегнете најчестите грешки кои вообичаено се прават при подготовка на свински кременадли.

Грешка број 1: Не ги разликувате парчињата на свинското месо

Секое парче свинско месо не е исто. Всушност, постојат неколку различни парчиња месо кои треба да ги разликувате како што се кременадли, бут, плешка, врат… Па така, тоа може да биде меко и брзо да се подготвува или пак може да биде потешко за обработка и да бара дополнително време за негово готвење. Затоа, секогаш погледнете ја етикетата или консултирајте се со вашиот месар. Колку повеќе сте запознаени со купеното парче месо што ќе го готвите, толку крајниот резултат ќе биде подобар.

Совет плус: Ние имаме избрана и проверена месарница која секогаш излегува во пресрет на нашите очекувања и топло ви препорачуваме да ја посетите Агриа. Месото е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, па така го произведуваат највкусното свежо месо во Македонија. Посетете некоја од нивните месарници ширум земјата, поразговарајте со услужливиот персонал и изберете го најдоброто свежо свинско месо. Исто така, месото може да го најдете во Тинекс и Рамстор маркетите, па доколку не знаете за што да се одлучите консултирајте се со вработените и следете ги нивните препораки за избор на свежо свинско месо!

Грешка број 2: Не користите маринада и не ги зачинувате кременадлите пред готвење

Посолувањето на месото пред готвењето е еден од најважните чекори за подготовка на вкусни кременадли. На тој начин ќе се истакнат природните вкусови на кременадлите. Постојат два начини на кои може да ги зачините свинските кременадли. Првиот е едноставно да ги посолите и зачините со црн пипер, а другиот е да ги ставите во маринада. За најдобар резултат ви препорачуваме месото да го ставите во маринада пред подготовката. Дури и да стои само 30 минути во маринадата, значително ќе се подобри вкусот и текстурата на месото. Доколку имате повеќе време, се препорачува свинските кременадли да стојат до 4 часа во маринада. На тој начин месото ќе биде зачинето и солено и во внатрешноста.

Може да ве интересира: 5 најдобри зачини за подготовка на свинско месо.

Грешка број 3: Ги готвите свинските кременадли директно од фрижидер

Колку пати ви се случило да го извадите месото од фрижидер и веднаш да го ставите во загреана рерна или тава за пржење? Тоа е погрешно, бидејќи на тој начин месото не се подготвува рамномерно. Всушност, така месото може да биде препечено од надвор, а недопечено во внатрешноста. Затоа, кременадлите извадете ги од фрижидер на собна температура околу 15 минути пред да започнете со готвење. На тој начин месото ќе се зготви рамномерно, а кременадлите ќе бидат совршено печени и сочни.

Грешка број 4: Не го печите доволно или пак го препекувате месото

Нема ништо добро во недоволно зготвено или пак препечено месо. Недоволно термички обработеното месо крие ризик од разни заболувања, особено доколку не купувате месо од проверен производител. Додека пак од друга страна прекумерната термичка обработка го прави месото, суво, тегаво, цврсто и тешко за џвакање. Најсигурен начин да проверите дали месото е добро печено е со помош на термометар за месо. Според USDA месото во внатрешноста треба да достигне 145 степени. Времето на готвење треба да се прилагоди во зависност од дебелината и големината на парчињата кременадли. Па така, доколку готвите потенки парчиња, намалете го времето на печење за неколку минути, па проверете ја температурата на месото со помош на термометар за да бидете сигурни дека истото е добро печено.

подготовка на кременадли

Грешка број 5: Не го оставате месото кратко да се „одмори“ после готвење

Секогаш после готвењето на месо, најдобро е кратко да го оставите да се „одмори“ за да се опуштат мускулните влакна. Така кременадлите ќе бидат посочни и помеки. Откако ќе ги извадите кременадлите од рерна, скара или тава, кратко почекајте пред да ги префрлите во чинија за сервирање. Најдобро е месото да го покриете со фолија и да го оставите околу 5 минути пред сервирањето.

Се надеваме дека со примена на овие совети, наредениот пат ќе ги приготвите највкусните и најсочните кременадли. Уживајте во готвењето овие денови и пригответе ги најдобрите јадења!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: