Лесна крем супа од печурки – од кујната на Марија Кочовска

Топла крем супа од печурки и парче печен леб! – Како ти звучи оваа вкусна комбинација? Супата или чорба од печурки ја обожавам и често ја нарачувам во рестораните. А овој пат ја припремив дома. Кремаста, ароматична, лесна за подготовка, а што е најважно, повкусна немам пробано.

За поголемо гурманско уживање, ја послужив со парчиња печен леб од 100% цело зрно. Така направив ем здрав оброк, ем многу вкусен. Рецептот го топло го препорачувам за сите, па пробај ја во прва прилика. Штом ја направиш прати ми слики и пиши ми како ти се допадна овој рецепт. 

крем супа со шампињони

Состојки:

  • 250 г шампињони
  • 1 помала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 1 мала лажичка мајчина душица
  • 2 лажици Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 1 коцка за супа
  • 750 мл вода
  • 250 мл течна павлака
  • Сол по вкус. 

За сервирање:

крем супа со печурки

Подготовка:

  1. Печурките исечкајте ги на листови. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. 
  2. Во тенџере на оган ставете ги маслиновото масло и путерот. Штом путерот се растопи додајте го сечканиот кромид. Пропржете го 2-3 минути, а потоа додајте го лукот. Пропржете кратко и додајте ги печурките и мајчината душица. Пржете ги печурките околу 5-6 минути, а потоа додајте го брашното. Продолжете со пржењето уште 1-2 минути.
  3. Во тенџерето додајте ја коцката за супа и водата. Покријте го тенџерето со капак и оставете супата да се вари на тивок оган за време од 10 минути. 
  4. Во меѓувреме пригответе го лебот. Тавата за печење обложете ја со хартија. Наредете ги парчињата леб и попрскајте ги со маслиново масло. Наросете сол и мајчина душица или оригано по желба. Ставете ги во загреана рерна на 220 степени и печете ги 3-4 минути. Печените лепчиња исечете ги на ленти или коцки.
  5. Во тенџерето додајте ја павлаката и варете уште 5 минути. Зачинете со сол по вкус и сервирајте ја супата додека е топла. Поросете сечкан магодонос и послужете ја крем супата од печурки со топло печен леб. На здравје!
  6. Подготовката погледни ја на видеото:

Дали знаеш дека?

Кај нас на пазарот се достапни нови лебови од Жито Лукс – направени од 100% цело зрно? Достапни се со два вкусови: интегрален пченичен леб со никулци и семиња и интегрален пченичен леб со никулци и ржано брашно. Даваат енергија, чувство на ситост, го подобруваат варењето на храната и богати се со здрави масти од семињата. Одлични се за појадок или како додаток за ручекот или вечерата. 

Може да ги искористиш за солени или слатки појадоци, а ти препорачувам да ги погледнеш видео рецептите за здравите оброци:

крем супа со печурки и производ

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт, посети го мојот профил на Инстаграм и заследи ме @kocovska.marija

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: