Овој пат ве водиме во кујната на шеф Бобан Лазарески, кој ни приготви посна рибина чорба. Како ја прават рибината чорба врвните готвачи во Македонија? Кои се тајните состојки кои се додаваат?

Со променливото време и пониските температури стартова и сезоната на настинките. А, силниот имунитет е најдобрата бариера против секој вирус, вклучувајќи го и новиот коронавирус. Па, сигурно се прашувате што треба да направите за да го зајакнете имунитетот и да бидете поотпорни на вируси и бактерии? – Здравата исхрана е прв сојузник на имунитетот. Секојдневно треба да внесуваме намирници што се богати со витамини и минерали кои имаат корисен ефект врз имунолошкиот систем. Во продолжение ви откриваме супер рецепт кој ќе ви го зајакне имунитетот. Вкусна и здрава чорба со печурки, спанаќ и овес, која ја најдовме на Инстаграм блогот на нашата пријателка и нутриционист Симона.
Вкусните и лесни чорби ни се омилени кога сакаме да јадеме нешто здраво, а не многу комплицирано за подготовка. Тие се совршен избор за здрав оброк и во лето и во зима. Изобилуваат со хранливи состојки, па се целосен оброк и го снабдуваат организмот со сè што му треба. Наш денешен избор е чорба од црвена леќа и пршута, рецепт кој го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана и многу ни се допадна.
Припремата е многу лесна! Можеби на прв поглед ќе помислите „Леле, колку е долга листата на состојки!“, но тоа воопшто не треба ве плаши, затоа што скоро сите ги имаме во кујната секојдневно. Сé што треба е само да се соединат. А, како што знаете, една од нашите цели е лесна, брза и вкусна кујна, па овој рецепт за лесна чорба од печурки е баш таков!
Доколку и вие сакате да дегустирате нови вкусови и да експериментирате во кујната, тогаш овој рецепт е совршен за вас. Можеби досега не ви текнало да си подготвите чорбa со пченка, но сега е вистински момент да го направите тоа. Оваа крем чорба од пченка и компири има навистина интересен вкус, кој ќе ве освои уште со првата лажица.
Ако не сте ја пробале леќата приготвена на овој навистина едноставен начин, не знаете што пропуштате! И нашите мајки подготвуваат многу слична посна чорба од леќа со суви пиперки. Традиционално уживаме во нејзиниот вкус, па кога го видовме рецептот на Кате, знаевме дека треба да го споделиме, затоа што вкусот е баш неодолив кога станува збор за чорба.