Готвиме со шеф Бобан Лазарески: Посна рибина чорба

Овој пат ве водиме во кујната на шеф Бобан Лазарески, кој ни приготви посна рибина чорба. Како ја прават рибината чорба врвните готвачи во Македонија? Кои се тајните состојки кои се додаваат?

Продолжете со читање и разгледајте го рецептот. 

посна рибина чорба

Состојки:

  • 1 кг бела риба или по личен избор мешавина од бела риба и морски плодови (шкампи и дагњи)
  • 500 г компир
  • 1½ главица лук
  • 4 главици кромид
  • 200 мл бело вино
  • 100 г лебни трошки
  • Магдонос
  • Сол и мелен црн пипер
  • Лимон/лимета
  • Маслиново масло.

Подготовка:

  1. Кромидот се сечка на ленти. Лукот се сечка ситно. Компирите се сечкаа на тенки кругови.  
  2. Во загреана тава со маслиново масло се додава кромидот и се пропржува додека омекне. Потоа се додава сечканиот лук и се пропржува.
  3. Штом се запржи лукот се додава и виното.
  4. Кога алкохолот од виното ќе испари, во тавата се распоредуваат компирите.
  5. Се додаваат рибји бујон (рибји коцки), вода и лимон на кругови.
  6. Штом водата почне да врие се ставаат рибата и морските плодови и се поклопува со капак. Во зависност од дебелината на парчињата риба, процесот на готвење би траел 20-тина минути. Лебните трошки се додаваат доколку сакате да добиете густина на чорбата (по избор). Чорбата се зачинува со сол и мелен црн пипер по вкус. 
  7. При самиот крај додавате ситно сечкан магдонос. На здравје!

Автор на рецептот и фотографијата: Бобан Лазарески, @l.azareskib.

Сподели: