Има ли поврзаност на алергиите и имуниот систем? Што може да се направи?

Речиси не постои човек кој во животот не се соочил со алергија. Што се алергиите, зошто се појавуваат, каква е поврзаноста со здравјето на дигестивниот систем, кои додатоци во исхраната може да помогнат? – Одговорите ви ги открива Д-р Нела Деспотовска во нашиот разговор. 

Алергии, бета глукани и инулин

Што всушност се алергиите и зошто се појавуваат?

Алергијата претставува сложен имунолошки процес кој настанува како резултат на влијанието на различни типови супстанции (алергени) како полен, храна, убод од пчела или првут од животни.
Имуниот систем произведува антитела. Кога имаш алергија, имуниот систем формира антитела кои го идентификуваат алергенот како опасен (дури и да не е). При контакт со алергенот, како реакција може да се јави воспаление на кожата, синусите, дишните патишта или дигестивниот систем. Алергиските реакции се различни од човек до човек и може да бидат лесни со минимална иритација или живото загрозувачки (анафилакса).

Бетаглуканите во последно време многу се користат за зајакнување на имунитетот, дали може да помогнат и при алергија?

Глуканите се видови на сложени шеќери односно полисахариди, чие природно место се наоѓа во клеточните ѕидови на некои бактерии, габи и квасци, билки (овес и јачмен), алги, лишаи. Во телото бета глуканот го промовира формирањето на коскената срцевина, а со тоа и производство на леукоцити и тромбоцити. Активира макрофаги – клетки кои ја стимулираат имунолошката активност.

Бетаглуканите се најпознати за зајакнување на имунитетот, но може да се користат и при алергии, против висок холестерол, дијабетес, автоимуни заболувања, вирусни, бактериски, паразитски и габични инфекции, карциноми, изложености на разни видови на зрачење (хемотерапија), при хроничен замор. 

Во врска со алергиите, бета глуканите (кои потекнуваат од квасец) особено се препорачуваат за намалување на симптомите при поленска треска – алергија која најчесто се јавува на крајот од август и почетокот на септември. Едно истражување покажало дека земањето на бета глуканите секојдневно во рок од 4 недели пред почетокот на алергиската сезона, може да биде од голема помош за намалување на симптомите. Амброзијата цвета во текот на летото, но најмногу кон крајот на август и почеток на септември. При цветање се ослободува полен, кој кај лицата кои имаат алергија може да доведе до затнат нос, секрет од носот, кивање или чешање на очите.
Од додатоците во исхраната се препорачува NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan (Бета-Глукан) кој е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Научните студии покажуваат дека Бета-Глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки, вклучително и оние присутни во лимфоидот поврзан со цревните ткива (GALT).  GALT постои во дигестивниот тракт и е познато дека игра клучна улога во функцијата на здрав имунолошки систем.

И уште едно прашање, дали здравјето на дигестивниот систем е поврзано со алергиите? 

Поврзаноста меѓу здравјето на цревата и алергиите, без разлика дали станува збор за алергии на храна или сезонски алергии, започнува со имунитот систем. Имуниот систем одредува кога телото треба да се заштити од одредени намирници или надворешни супстанции. Она што повеќето не го знаат е тоа што најголема густина од имуните клетки се наоѓаат во тенкото црево, па од тука веќе може да претпоставите дека гастроинтенстиналниот тракт има големо влијание на имуниот систем и алергиите. Ова ни кажува дека при појава на алергија, со цел да се намалат симптомите, дел од терапиите треба да се насочат кон гастроинтенстиналниот тракт. Првите чекори се елиминациска диета, пробиотици и пребиотици, кои имаат улога за обновување на миркофлората на цревата, а тоа помага за регулирање на имуниот одговор. 

Од пробиотиците може да ги препорачаме Acidophilus 4×6 од NOW. Acidophilus 4×6 е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата, односно ацидофилните бактерии.
Дополнително се препорачува и инулинот – фруктоолигосахарид (ФОС) кој е растворливо пребиотичко влакно кое е отпорно на варење и допира до дебелото црево непроменето. Цревните пробиотски бактерии консумираат инулин и за возврат произведуваат масни киселини со краток синџир, кои ги потхрануваат клетките на дебелото црево. Инулинот на тој начин помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата. Инулинот има пријатен вкус кој дава блага сладост на храната и пијалаците, но има многу низок гликемичен индекс и нема негативно влијаат на серумските нивоа на гликоза.

алергии, бета глукани и инулин

Препорака од нас:

Споменатите додатоци во исхраната, Beta-1,3/1,6-D-Glucan, Acidophilus 4×6 и Inulin, може да ги набавите во поголемите аптеки низ земјата или да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс. Имате супер можност да набавите Beta-1,3/1,6-D-Glucan со 50% попуст преку онлајн продавницата на Тримекс, да го зајакните имунитетот пред постојните есенски месеци или да ги намалите симптомите на алергија. Ако имате прашања, може да ја контактирате Д-р Нела Деспотовска на телефонскиот број 02 324 6000, секој работен ден од 08 до 16 часот. 

Ви препорачуваме да прочитате: Бромелаин – моќен помошник на варењето на храната и сојузник против алергии.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: