здрав појадок мала слика

Здрав појадок – печен леб со авокадо и јајце

Денес е денот да започнеш со здрав појадок кој ќе ти даде енергија. Парче печен ‘рж леб, авокадо и јајце за комплетен оброк богат со јаглени хидрати, здрави масти и протеини. 

Едноставен, а вкусен оброк за целото семејство. Еве неколку придобивки кои ќе те мотивираат да го направиш овој појадок и почесто да го вклучиш во менито. Ржаниот леб е богат со растителни влакна, а благодарение на тоа го намалува нивото на лошиот холестерол, го подобрува варењето на храната и дава ситост подолго време. Авокадото е богато со здрави масти, а јајцето го збогатува оброкот со квалитетни протеини. 

Здрав појадок, печен леб со авокадо

Состојки: 

За поширано јајце: 

  • 2 лажици вински оцет
  • 1 големо јајце.
здрав појадок со авокадо

Подготовка:

  1. Парчето леб испечете го на тостер, грил тава или во рерна. 
  2. Врз печеното лепче ставете го авокадото и испасирајте го. 
  3. Припремете го јајцето. Во големо тенџере ставете вода да зоврие. Јајцето скршете го во мал сад. 
  4. Во водата додајте го оцетот и измешајте кружно. Во средината на тенџерето додајте го јајцето и варете го 3-4 минути. Со решеткаста лажица извадете го јајцето и ставете го врз лебот.
  5. Зачинете со сол и буковска пипер. По желба декорирајте со семки од тивка и сечкани листови нане. На здравје! 

Совети плус:

Ако немаш идеи што да појадуваш, а сакаш здрав и вкусен оброк, разгледај ги следите рецепти:

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс

Сподели: