Лесен и вкусен намаз од 4 состојки

Често останувате без идеја што да појадувате или вечерате? Сакате оброк кој е едноставен за правење, а истовремено вкусен и хранлив? – Имаме супер рецепт за вас! Направете си намаз од сончоглед и семки од тиква, премачкајте го на потпечено лепче, послужете и уживајте.

Освен тоа, овој лесен и вкусен намаз од 4 состојки е одличен и во комбинација со тестенини и за подготовка на разни сосови со додавање на лимон, лук и зачини. Комбинациите за подготовка и послужување се многубројни, па разбудете ја вашата креативност и право во кујна.

Лесен и вкусен намаз од 4 состојки

Состојки:

Подготовка:

  1. Семките од тиква и сончогледот потпечете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од 10 минути. Авокадото пресечете го на половина, исчистете го и отстранете ја семката.
  2. Половина од авокадото, семките, сончогледот и маслото ставете ги во блендер и блендирајте додека добиете хомогена смеса. Посолете по вкус и измешајте.
  3. Добиениот намаз сервирајте го и послужете го со двопек, грицки или тост лепчиња. На здравје!
 намаз од 4 состојки

За подготовка на овој намаз употребивме ладно цедено сончогледово масло од нашите пријатели Фила. Дали знаеш за што е корисно ова масло? Ладно цеденото сончогледово масло има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксидант и позитивно влијае врз човечкото тело. Содржи голема количина на Омега-6, која е неопходна за мозокот и правилно функционирање на организмот. Главни придобивки од ладно цеденото сончогледово масло се:

  • го зајакнува имунитетот
  • му дава енергија на телото
  • корисно е за срцето
  • го подобрува здравјето на кожата
  • служи како превентива за канцер
  • го намалува нивото на холестерол
  • заштитува од астма
  • ги намалува воспаленијата.
намаз

Ладно цеденото сончогледово масло може да го набавите во поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила. Достапно е во пакување од 500 мл750 мл и 1000 мл. А за сите новости и акции, заследете ја Фила на Facebook – ФИЛА МАСЛО и Instagram – @fillacoldpressedoils.

Совет плус:

  • По желба, за малку позачинет вкус на овој намаз можете да додадете и лук во прав, сув босилек или други зачини по избор.

Ви предлагаме да прочитате: Брза и лесна салата со компири и спанаќ.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Фила.

Сподели: