Од кујната на Марија Кочовска: Брзи потпечени макарони со сирење, јајца и кашкавал

„И за појадок и за ручек и за вечера! Секогаш можеме да јадеме потпечени макарони со сирење. Овој убав, традиционален рецепт од македонската кујна, го преработив и направив моја верзија со кашкавал. 

киноа бургер 1

Киноа бургер – вкусен вегански сендвич

Добар сендвич секогаш годи! А, во време на пости и за сите оние кои обожаваат да јадат храна од растително потекло, популарно позната како веганска и да се супер сити, ваков киноа бургер е добредојдена идеја!

Готвиме со шеф Бобан Лазарески: Посна рибина чорба

Овој пат ве водиме во кујната на шеф Бобан Лазарески, кој ни приготви посна рибина чорба. Како ја прават рибината чорба врвните готвачи во Македонија? Кои се тајните состојки кои се додаваат?

Мини ражничи од мелено месо

Мини ражничи од мелено месо – печени во рерна

За вистинските гурмани ова ќе биде неодоливо гастрономско уживање! – Ако сакате да експериментирате и да направите нешто поинакво и креативно во кујната, пробајте го овој интересен рецепт за мини ражничи од мелено месо. Одлични се за семеен ручек или како мезе за седенки со пријателите. 

Кременадли во кремаст сос со лук

Размислуваш и разгледуваш нови идеи за ручек или вечера? – Направи кременадли во кремаст сос со лук! Меки се и сочни, а приготвени по вистинскиот рецепт ќе ве одведат по патот на ново гурманско доживување. 

Брза пица од тесто без нараснување 1

Брза пица од тесто без нараснување

Секое време е добро време за супер вкусна брза пица од тесто без нараснување! Што се однесува на „топингот“ секако дека е најдобро да е по вкус, а ние имаме една проверено добра комбинација која препорачуваме да ја пробате за промена на вкусот и размрдување на менито.

Посно фахити – мексиканско јадење од печен зеленчук во тортиљи 

Здраво и превкусно! Дали до сега си пробал фахити? Тоа е популарно мексиканско јадење кое се прави со пиперки и кромид, а се служи врз тортиља. Најчесто се прави со пилешко месо, но и оваа посно фахити со печурки е подеднакво вкусно!

Свински врат во рерна – најлесен и превкусен рецепт

Рецепт за сите оние кои немаат многу време, а сакаат нивното семејство да има вкусен оброк на трпезата. Чекор по чекор ви откриваме како да направите свински врат во рерна на најлесен и наједноставен начин.

Домашни мини бургери

Совршени мини бургери за вас и вашите деца! Одличен избор за детски родендени, коктел забави или мезе за пријателите. Лесно се подготвуваат, а потребни ви се само неколку состојки. Во рецептот се користат готови лепчиња за сендвичи, но ако имате желба и време можете да си ги направите дома. Рецептот за подготовка на домашните лепчиња прочитајте го тука.

Печено свинско месо со компири во гурмански сос

Немате идеја за ручек? Ви предлагаме да направите печено свинско месо со компири, прелиено со превкусен гурмански сос. На прв поглед изгледа како мусака, но вкусот е уште подобар и посочен. Не ви треба многу време и труд за подготовката, само изрендајте, измешајте ги состојките и ставете ги во рерна да се печат.

Пица со бел фил и спанаќ за 10 минути - протеински топинг

Пица со бел фил и спанаќ за 10 минути – протеински топинг

,,Обожавам да правам нови и вкусни комбинации, а пред сѐ нутритивно богати! Овој пат смислив поинаква пица со бел фил која ќе ве угости добро и ќе ви биде идеална замена на стандардниот пица вкус.”  – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

Брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит

Брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит

Расположението деновиве е на највисоко ниво и ви припремивме нешто супер брзо, а многу вкусно! Може да си направите за дома или да поканите гости, ќе си поминете супер! Па, кој е за брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит?! – прашуваат Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од нашиот тим.

Празнична месна даска

Празнична месна даска за гурмани

Новогодишната ноќ ќе ја поминете во домашна атмосфера во друштво со пријателите? Сѐуште размислувате какви јадења да подготвите и да спремите богата трпеза? – Имаме одлична идеја! Направете празнична месна даска која ќе ги задоволи сите гурмански вкусови.

Печено пиле со крцкава кора

Печено пиле со крцкава кора во празничен стил

Започнува најубавиот период од годината! Новогодишните и Божиќните празници се најомилени, затоа што тогаш се готват највкусните јадења. Од прилози и салати, главно јадење и десерти, празничната трпеза е вистинско уживање. Збогатете ја трпезата со уште еден вкусен специјалитет, а домот со неодолив мирис! Пробајте да направите печено пиле со крцкава кора по нашиот најнов рецепт!