Грашок манџа со свинско месо

Грашок манџа со свинско месо

Манџата во македонската кујна е традиција и честа на трпезите. Компир манџа, грашок манџа, боранија… Овој пат споделуваме рецепт за грашок манџа со свинско месо.  

Секоја домаќинка има своја мала тајна кога приготвува манџа, а нашата е свежото свинско месо од Агриа и многу љубов!

Манџа грашок со свинско месо

Состојки:

  • 500 г свинско месо – плешка од Агриа
  • 2 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 400 г грашок
  • 500 г пасата – пасиран сос од домати (домата) 
  • Коцка за супа 
  • 1-2 мали лажички сол
  • 1 мала лажичка црвена пипер
  • Мелен црн пипер по вкус. 

Подготовка:

  1. Свинското месо се сечка на коцки. Кромидот ситно се сечка. Морковот се ренда или сечка на мали коцки. 
  2. Во тенџере на оган се става маслото да се загрее. Во загреанто масло се додаваат кромидот и морковот. Кратко се пропржуваат, а потоа се додава месото. Се пржи 7-8 минути. 
  3. Во тенџерето се додава грашокот, црвената пипер, црн пипер, пасатата и коцката за супа. Се додаваат 2-3 чаши вода и се остава манџата да се вари додека месото омекне. По потреба се додава вода за да се добие саканата густина. На здравје!

Совет плус:

  • По желба може да се додаде и чешне лук или ловоров лист. 
  • За подготовката може да се користи и замрзнат грашок или грашок од конзерва. Ако се користи замрзнат грашок, ќе биде потребно манџата подолго време да се вари. 

Секогаш кога готвиш, готви со љубов и со најдобрите состојки. Набавувај свежи, македонски производи и поддржи ја македонската економија и компании. Набави домашно свежо месо од Агриа. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна? Така се заокружува принципот од „нива до трпеза“ и се добиваа месо со најдобар квалитет. За повеќе новости, следи ги Агриа на:

Може да те интересира: Компир манџа со колбаси.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: