Дали сте пробале тиро салата? Интересна комбинација од фета сирење, павлака и феферони која веруваме дека ќе го освои сечиј вкус. Послужена со топло лепче – фурнаринки е вистински избор за мезе со омилениот филм или фудбалски натпревар.

Светски популарниот чизкејк, станува омилен и кај нас. Ние го обожаваме и често го подготвуваме, бидејќи се прави брзо и лесно. Иако подготовката на чизкејк бара одредена умешност, сепак ќе се снајдат и оние со помало искуство во кујната, со помош на нашиот едноставен и испробан рецепт за чизкејк торта. Следете ги нашите совети и во овие топли пролетни денови засладете се со вкусна чизкејк торта.
Крцкави, солени и вкусни – пуканките претставуваат најдобра опција за грицки кои совршено се вкопуваат при гледање на омилената серија, фудбалски натпревари и детски забави. Доколку сакате промена и малку да експериментирате во кујната, може да го збогатите вкусот и да приготвите пуканки на 5 различни начини. Прочитајте ги нашите предлози и изберете го вашиот омилен вкус.
Стара традиција, сервирана на понов начин! Колку народи во светот, толку обичаи разни рецепти. Сигурно сите се сеќавате на вашите баби и дедовци кои ви раскажувале како јаделе лубеница со сирење и леб за време на полски работи. Оваа интересна ладна салата со лубеница е на некој унапредена верзија на нивната навика.
Имаме нова супер комбинација за десерт! Совршен спој на вкусови кои ќе ги задоволат и најпрефинетите. Убавото кај овој рецепт е тоа што тартот не е премногу благ, туку баш онолку колку што треба. Па, наредна прилика кога ќе ви се пријаде нешто благо, направете го овој вкусен тарт со фил од мак кој ни доаѓа од кујната на Лана.
За совршен дочек на новогодишните празници покрај неодоливите Божиќни колачиња, трпезата се разубавува со солени рецепти кои може брзо да се подготват непосредно пред најлудата ноќ во годината. Солени намази, соленки, кифлички и салати се задолжителни на празничната трпеза. А Лана ни предлага рецепт за еден интересен и необичен намаз од сирење со ореви. Вкусно, ароматично и богато, баш како што прилега за една празнична трпеза!
Речиси и да нема човек кој не обожава зелник со спанаќ и сирење. Тој вкус нѐ враќа во детството и нѐ потсетува на едно време кога нашите баби ни го правеа ова вкусно јадење. Сега благодарение на Лана имаме еден супер рецепт за пита зелник со спанаќ и сирење во полесна варијанта, па секој многу лесно ќе може да си го направи ова совршено задоволство.