елка од сирење мала

Солена елка – крем салата со сирење од кујната на Марија Кочовска

„Празниците носат радост во домот и на трпезата! За овие празници ви предлагам брз и преубав рецепт за мезе – солена елка, празнична крем салата со сирење. Вкусот е фантастично добар, па мора да ја направиш за празниците!

Потребни ти 15-тина минути за најубавата празнична крем салата. Новогодишната и божиќната трпеза нека бидат богати и вкусни, а насмевките, радоста и среќата присутни во сечиј дом!“ – вели Марија.

крем салата со сирење во форма на елка

Состојки:

  • 200 г Шарпланинско бело сирење од Млекара Тетово
  • 100 г павлака со 20% млечни масти
  • ½ мала лажичка лук во прав
  • 1 лажичка оригано
  • Сечкан свеж магдонос, ѕвезда од морков, калинка и бадеми во листови за декорација на елката

Подготовка:

  1. Сирењето изрендајте го или издробете го и ставете го во длабока чинија. Додајте ја павлаката, лукот во прав и ориганото. Измешајте за да се соединат состојките.
  2. Врз најлонска фолија ставете ја смесата и обликувајте ја во форма на елка. 
  3. Елката од сирење изролајте ја во чинијата со сечкан магдонос. На врвот поставете ја ѕвездата од морковот. Потоа декорирајте ја со зрна од калинка и бадеми од листови. Послужете ја со солени крекери и уживајте во празниците!
солена елка со сирење со производ

Препораки од авторот:

Ти се допадна овој рецепт? – Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи за празничната трпеза, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Може да го погледнеш и видеото од подготовката на:

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: