Дали сте слушнале за амиотрофична латерална склероза? Дали сте запознаени со Деана протокол? – Овие два термини не ни беа познати и нам, а за болеста прочитавме на интернет. Поттикнати од желбата да дознаеме повеќе, решивме да истражуваме на оваа тема со цел да им помогнеме на лицата кои страдаат од АЛС како да ја третираат и да ги ублажат непријатните симптоми кои таа ги предизвикува.
Ако ви е дијагностицирана АЛС вам или на ваш близок, прочитајте што е Деана протокол, кои суплементи ги вклучува и како тие делуваат.

Што е амиотрофична латерална склероза (АЛС)
Амиотрофична латерална склероза (АЛС) е прогресивна невродегенеративна болест која ги зафаќа моторните неврони и предизвикува губење контрола врз мускулите. Ги оштетува нервните клетки на мозокот и ’ рбетниот столб. Кога моторните неврони се оштетени, тие престануваат да испраќаат сигнали до мускулите, па мускулите не можат да функционираат. Всушност, мускулите не се хранат, па тие атрофираат, односно се трошат. Ова значи дека АЛС го зафаќа волевото движење на мускулите. Како што болеста прогресира, мускулите слабеат и предизвикува парализа. Најчеста причина за смрт како последица на АЛС е престанок на дишењето.
Постојат два типа на АЛС, спорадична и фамилијарна. Најчести се случаите на спорадична АЛС. Болеста се појавува на возраст помеѓу 40 и 60 години. За АЛС сѐ уште нема специфичен лек, но постои терапија за одржување на болеста, а се истражуваат и клинички зафати. Причините за оваа болест уште не се конкретно утврдени, па докторите сметаат дека како фактори се јавуваат наследните особини, возраста, полот, оштетувањата предизвикани од слободните радикали, пушење, изложеност на токсини и друго.
Симптоми и знаци на АЛС
- проблеми при движење или вршење на нормални дневни активности
- често сопнување и паѓање
- треперење на мускулите
- слабост во нозете и рацете
- отежнат говор
- отежнато џвакање и голтање
- проблеми со дигестијата
- деменција
- малнутриции
- грчеви во мускулите и друго.
Како е настанат Деана протоколот и што вклучува
Винсент Тедоне, пензиониран ортопед, го создал протоколот пред 12 години за неговата ќерка Деана на која и била дијагностицирана АЛС. Пред да го состави протоколот, Тедоне истражувал стручна литература. Литературата која тој ја читал била во врска со заштита и превенција на нервните клетки од изумирање и го набљудувал забавувањето на болеста кај неговата ќерка. Деана протоколот е збир на комерцијално достапни нутриенти во вид на суплементи. Овие нутриенти ги има во телото, но кај лицата со АЛС се во мали количини. Дадени се препорачани дневни дози за сите суплементи. Покрај суплементи, протоколот препорачува дневни масажи на мускулите со екстра девствено кокосово масло. А доколку лицето може да поднесе чисто кокосово масло, се препорачува и орално внесување на истото. Потребна е и посебна исхрана, поточно кетогена диета. Тедоне советува и физичка активност во вид на аеробни вежби, вежби за зајакнување на мускулите, вежби за полесно движење и истегнување. Протоколот не е лек за АЛС, но влијае на подобрување на квалитетот на животот и ги ублажува симптомите на оваа болест.
Суплементи вклучени во Деана протоколот
- Алфа кетоглутарат (AKG)
- Глутатион
- Идебенон
- L-Arginine
- Гама аминобутерна киселина (GABA)
- Витамин Б-12
- Коензим Q10 (CoQ10)
- Убикинол
- Витамин Д-3
- Гинкго билоба
- Магнезиум и многу други.
AKG за зајакнување на мускулите, глутатион и идебенон во улога на антиоксиданси
AKG се користи како суплемент поради неговата моќ да го забрзува метаболизмот на протеините и да спречи оштетување на мускулите при вежбање или после хируршки зафат. Глутатионот е трипептид кој може да биде синтетизиран во телото и има својство да ги неутрализира слободните радикали. Идебенонот е синтетичка супстанца која структурно се поврзува со CoQ10 и се смета за антиоксиданс.
L-Arginine за зголемена синтеза на протеини
L-arginine е аминокиселина која има учество во синтезата на ДНК и производство на протеините. Таа е важен претходник на азот оксид и на тој начин игра улога во дилатацијата на крвните садови. Се смета дека земањето на L-arginine го зголемува дотокот на крв во мускулите за време на вежбање.
GABA за релаксација на мускулите
GABA е не-протеинска амино киселина која функционира како невротрансмитер во човечкиот мозок и помага за пренесување на нервните импулси. Природно се создава во организмот и нејзиното присуство во централниот нервен систем може да помогне во промовирање на релаксација и олеснување на нервната напнатост.
Витаминот Б-12 го подобрува функционирањето на нервниот систем
Б-12 има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин и формирањето на црвените крвни зрнца. Вклучен е во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело, а особено влијае на ДНК синтезата, метаболизмот на масните киселини и хомоцистеинот. Витаминот Б-12 учествува во добивањето енергија од мастите, јагленохидратите и протеините.
Коензим Q10 и убикинол за повеќе енергија
Коензимот Q10 (CoQ10) е соединение кое има централна улога во производство на клеточната енергија. Го има во целото тело, а неговото производство се намалува со возраста. CoQ10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Убикинолот е редуцирана и активна форма на CoQ10. Тој е исто така основа за производство на енергија на митоходриите и дејствува како моќен, растворлив во масти, елиминатор на слободните радикали.

Витаминот Д ги штити нервите на многу начини
Витаминот Д може да го забави развојот на АЛС. Недостатокот на витамин Д може да ја намали когнитивната функција, па затоа се препорачува суплементација со овој витамин. Витаминот Д ги штити нервите така што ги пронаоѓа факторите кои доведуваат до невродегенерација. Не секое лице со АЛС има потреба од овој витамин, па затоа внимавајте да не дојде до предозирање.
Гинкго билоба против оксидативен стрес
Користењето на гинкго билоба како додаток во исхраната го намалува ризикот од деменција. Ги уништува слободните радикали, ја зголемува пероксидацијата на липидите и го има невропротективни ефекти.
Магнезиум за силни мускули
Магнезиумот е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста, нормално функционирање на нервниот систем, нормална мускулна функција, синтеза на протеини и нормална ментална функција.
Неколку препораки од нас:
Дел од додатоците во исхраната препорачани во Деана протоколот може да ги најдете на онлајн продавница на Тримекс и да ги порачате со бесплатна достава. Исто така, тие се достапни и во поголемите аптеки ширум земјата. Ние сме задоволни корисници на додатоците во исхраната од Тримекс и затоа ги препорачуваме. Повеќето се од американскиот бренд NOW, компанија со 50 годишна традиција, најнаградувана компанија од областа на нутритивни додатоци во исхраната, најдобар производител според задоволство на потрошувачите, сертифицирани дека употребуваат највисоки процедури за квалитет во производството. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Можни несакани ефекти од примената на Деана протоколот се:
- дијареа
- анксиозност
- намален апетит.
Важно: Пред да започнете со Деана протокол, консултирајте се со матичен лекар, невролог и нутриционист.
Повеќе за Деана протоколот, прочитајте на ALS Untangled No. 20: The Deanna Protocol.
Ви препорачуваме да прочитате: Коимбра протокол – помош за пациенти со автоимуни заболувања.