Карцином мала

Како да ги препознаете раните симптоми на карцином и како да се заштитите? – Препораки од Д-р Нела Деспотовска

4 февруари е ден посветен на борбата со карциномот, а токму тоа беше наша инспирација да помогнеме на поголем број луѓе. Преку разговор со Д-р Нела Деспотовска ве запознаваме како да ги препознаете раните симптоми на карцином, но ви ги откриваме и најважните совети кои ќе ви помогнат за превенција. 

Стапката на карцином се зголемува во последните години. Според најновите истражувања, бројот на случаи на рак кај луѓето помлади од 50 години е зголемен за речиси 80% во последните три децении. Кои се причините за појава на карцином, кои сигнали укажуваат дека нешто не е во ред, што може да направиме за да се заштитиме?

рани симптоми на карцином

Кои се најчестите симптоми кои укажуваат на карцином?

Симптомите се различни во зависност од видот на карциномот. А раното откривање е еден од најзначајните фактори за успешно надминување на болеста. 

Најчестите симптоми кои се јавуваат се: 

Губење на телесната тежина:  Наглото губење на телесна тежина без причина (како диета или зголемена физичка активност) може да биде знак на карцином.

Гадење и повраќање: Овие симптоми, особено ако се повторуваат и се чести, можат да укажуваат на рак на желудникот или други гастроинтестинални тумори.

Крварење: Ако забележите крварење било од устата, столицата (ако не е предизвикано од хемороиди) или преку урината, обратете се на лекар и направете ги потребните испитувања за да се открие точната причина.

Грутки или отоци на лимфните јазли: Ако забележите грутки под кожата или имате оток на лимфните јазли, обратете се на лекар. 

Промени на кожата: Ако забележите нова црна бенка или промени на постоечките бенки (промена на боја и облик), посетете дерматолог за да направи проверка.

Проблеми со дишењето или кашлица: Упорната и долготрајна кашлица може да укажува на рак на белите дробови или други респираторни проблеми. 

Други знаци се болка, умор и слабост, проблеми со голтањето, промени во апетитот (губење на апетит).

Овие симптоми не значат дека лицето има карцином, но ако се постојани, важно е да се побара медицинска помош за понатамошна дијагноза и проценка.

Кои додатоци се корисни во превенција на карцином?

Витамини – А, Б6 и Ц (AlphaSorb – C)

Витамините А, Б6 и Ц се моќни антиоксиданти кои играат важна улога во имунолошкиот систем и можат да помогнат во превенцијата на карцином.

P-5-P активна форма на витамин Б6

P-5-P (пиридоксал-5-фосфат) претставува супериорна активна форма на витамин Б6 (пиридоксин), чија конверзија настанува во црниот дроб. Лесно се апсорбира од телото и почнува да делува речиси веднаш штом ќе се внесе. Го контролира метаболизмот на амино киселините, помага во производството на невротрансмитери и е кофактор за повеќе од 150 ензими во нашето тело.

Кликни и прочитај повеќе за овој витамин. 

AlphaSorb-C супериорна форма на витамин Ц

Метаболитите на AlphaSorb-C ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, го зголемуваат степенот на искористливост на витаминот Ц во однос на стандардниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на оздравување.

  • Витаминот Ц придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Не предизвикува киселински проблеми во желудникот.

Посети ја vitamini.mk и прочитај повеќе за придобивките од овој витамин.

BioAstin најмоќен природен антиоксидант

BioAstin е еден од најсилните природни антиоксиданти кој има антиканцерогено дејство:

  • Придонесува за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Има улога во процесот на специјализација на клетките.
  • Придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
БиоАстин

Зошто се вели дека BioAstin е најмоќен природен антиоксидант? – Кликни и дознај повеќе. 

Indole-3-Carbinol – биолошки активен додаток

Indole-3-Carbinol е биолошки активен додаток кој има улога во нормализирање на метаболизмот на естрогенот и намалување на ризикот од развој на малигни тумори и неоплазми. Основа на неговиот состав е група супстанции извлечени од растенијата од родот Brassica (брокула, зелка, прокељ). Се препорачува за спречување на неопластични заболување кај женскиот репродуктивен систем, при мастопатија, ендометриоза и миом на матка. Indole-3-Carbinol може да го нарачаш преку vitamini.mk.

Споменатите додатоци во исхраната може да ги набавите:

Покрај користењето на додатоци, се препорачува здрава исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина, квалитетен сон, избегнување на алкохол и цигари, како и редовни медицински прегледи. 

Препораки:

Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Пред да започнете со суплементација, консултирајте се со својот матичен лекар. 

Може да те интересира: Како да се намали ризикот од карцином на дојка? – препораки од Д-р Нела Деспотовска.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk. 

Сподели: