Како се подготвува киноа 1

Како се подготвува киноа?

Во последните неколку години киноата е една од најпопуларните намирници во целиот свет. Често се зборува за нејзиниот богат хранлив состав и за нејзините лековити својства, а ако уште не сте пробале или можеби не ви се допаднало како сте ја припремиле, во оваа содржина споделуваме со вас како се подготвува киноа.

Секој од нас ќе го најде својот најдобар начин и својот најдобар рецепт, а пред тоа на кратко да се потсетиме зошто киноата е позната како супер храна. Ова древно растение му додава оревест вкус на секое јадење во кое ќе ја додадеме, а се смета за полновредна житарица и извор на комплетни протеини, што значи дека ги обезбедува сите есенцијални аминокиселини кои се потребни за нормална функција на организмот. Претставува богат извор на бројни минерали, како што се калциум, фосфор, магнезиум, калиум, бакар, цинк и железо, а покрај тоа киноата изобилува со растителни влакна што ја прави одлична за варење на храната. Кликнете тука за да дознаете повеќе информации зошто киноата се смета за една од најздравите намирници во светот.

kako se podgotvuva kinoa 2

А како најдобро се подготвува киноа?

Многу е важно да се запознаете со основните својства за готвење на киноата, за припремата на разните јадења со неа да ви стане полесна:

  • За почеток најважно е киноата да ја измиете во ладна вода и да ја оставите добро да се исцеди.
  • Потоа следи варењето, при што соодносот според кој треба да се раководите е следниот, на две шолји киноа за варење да ставите две шолји вода. Измешајте и ставете го садот на оган за да зоврие.
  • Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и покријте го садот. Оставете да си крчка на пониска температура уште 12-15 минути или додека ја впие целата течност.
  • На крај, тргнете го садот од огнот и готовата киноа оставете ја да се излади, па сервирајте ја или комбинирајте ја соодветно во рецептот кој сте го избрале.

Ви предлагаме да прочитате: 6 причини да јадете киноа.

Клучни зборови:

Сподели: