Кашлица - пертусис

Надминување на долготрајна кашлица и помош при пертусис (голема кашлица)? – препораки од Д-р Нела Деспотовска

Како да се надмине долготрајната кашлица и што помага при пертусис? Токму оваа актуелна тема е дел од нашиот разговор со Д-р Нела Деспотовска. Сведоци сме дека изминатиот месец голем број на лица беа или се заболени од грип, ковид и други слични респираторни инфекции кои се манифестираат со силна и долготрајна кашлица, а пред неколку денови беше прогласена и епидемија на пертусус или голема, магарешка кашлица во Скопје. 

Кашлицата може да биде последица на грип, настинка, астма, алергиски ринитис, бронхитис, пневмонија, пушење… При појава на кашлица, се нарушува сонот, дишењето е отежнато. И кај возрасните и кај децата, појавата на кашлица покажува дека проодноста на дишните патишта е нарушена. Кашлањето е обид да се исчистат дишните патишта и да се врати непреченото дишење. Најчесто, рефлексот на кашлицата го предизвикува вирусна респираторна инфекција. Она на што треба да посветиме внимание перидот, е големата (магарешка) кашлица. 

Кои се симптомите при голема, магарешка кашлица? 

Пертусис е акутно инфективно и многу заразно заболување предизвикано од бактеријата Bordetella pertussis. Главната карактеристика на болеста е кашлица во напади која може да трае со недели. Болеста се добива при контакт со болен човек. Бактеријата се пренесува по капков пат, преку плунката и аеросолите кои болниот човек ги исфрла при кашлање и кивање. 

Симптомите на почеток се помали и потсетуваат на настинка:

  • Течење на нос
  • Затнат нос
  • Зацрвенети и насолзени очи
  • Температура 
  • Кашлица. 

По една до две недели, симптомите се влошуваат. Густ секрет се насобира во дишните патишта, а тоа предизвикува неконтролирана кашлица. Честите и долготрајни напади на кашлица може:

  • Да предизвикаат повраќање
  • Да доведат до црвено или посинето лице 
  • Да се јави екстремен замор
  • На крајот од нападот следува брзо вдишување на воздух со испуштање на карактеристичен звук сличен на глас на магаре поради што болеста народно се вика и магарешка кашлица.

Што може да ни помогне при појава на кашлица?

Прво, вашиот доктор треба да процени дали кашлицата е предизвикана од вирус или бактерија. Соодвтено на тоа ќе препорача терапија, согласно клиничката слика. Според последните истражувања, се поголем број на доктори го препорачуваат NAC (N-Acetyl Cysteine) во борбата против респираторните инфекции. 

N-Acetyl Cysteine е додаток во исхраната кој се препорачува при респираторни инфекции

Кога станува збор за додатоците во исхраната кои може да помогнат при респираторни заболувања би го споменале NAC. NAC (N-Acetyl Cysteine) е ацетилиран облик на аминокиселината цистеин. 

Ацетилцистеинот има секретолитичко дејство кое предизвикува разводнување на густиот бронхијален секрет и олеснето поминување низ бронхиите и трахеата, и на тој начин ја зголемува ефикасноста на искашлувањето и го подобрува дишењето. Ја елиминира слузта од респираторните органи, што е особено значајно при бронхитис, затоа што на тој начин се намалува кашлањето.

Имајќи предвид дека благотворно делува на респораторниот тракт, како додаток се препорачува при:

  • третирање на синуситис
  • воспаление на ушите
  • вирусни инфекции
  • хроничен бронхитис и бронхијана астма
  • хронични белодробни болести.

Недостатокот на овој облик на аминокиселина е најчеста причина за појава на хронични белодробни болести. NAC може да го порачаш преку веб страницата на vitamini.mk или да го набавиш во поголемите аптеки. 

На што треба да внимаваме при појава на било каков симптом на респираторно заболување?

Најважно е да се зголемат хигиенските мерки кај лица кои имаат било каква респираторна болест. Редовно одржување на хигиена на рацете со сапун или алкохолни раствори за дезинфекција на рацете како и покривање на устата и носот со маска или марама при кашлање, кивање и секреција од носот. 

Прочитај: Д-р Нела Деспотовска советува: 7 методи за справување со пневмонија како последица од зимски респираторни инфекции!

*Текстот е овозможен од vitamini.mk 

Сподели: