Здравиот и чист црн дроб ни обезбедува здравје, виталност, убав изглед и добро расположение. Затоа, од клучна важност е да го одржиме таков и да не заборавиме дека барем повремено мора да преземаме соодветни мерки, како што е консумација на природен сок за прочистување на црниот дроб.
Едно од најздравите средства и методи за здрав црн дроб е да испиете лажица маслиново масло помешано со лажица лимонов сок, а потоа може да уживате во појадокот. Народната медицина изобилува со разни рецепти за здрав црн дроб и здрав организам, а ние ви препорачуваме да го пробате рецептот за сок за прочистување на црниот дроб, кој ја зачувал виталноста на многумина и се практикува години наназад.

Состојки:
- 500 мл вода (превриена и изладена)
- 6 свежи лимони
- средно голем корен од ѓумбир
- 3 овошки грејпфрут
- 4 чешниња лук
- 3-4 прстофати ким во прав
- неколку ливчиња свежо нане
- 3 лажици ленено семе.
Подготовка:
- Прво исцедете го сокот од лимоните и грепфрутот, а лукот и ѓумбирот ситно исечкајте ги во блендер, а потоа со малку вода отстранете ги сите малечки парчиња за да не останат налепени на блендерот.
- Сокот помешајте го со водата која сте ја припремиле претходно и повторно ставете го во блендер.
- Додајте ги и сите останати состојки, уште малку блендирајте и сокот е готов.
Домашниот сок за прочистување на црн дроб се пие на утро пред појадок во количина на мало ракиено чаше или околу 30-40 мл.
Ви препорачуваме да прочитате како може да направите домашен природен сок за подобрување на крвната слика.