жалфија - домашен лек против парадентоза

Природни лекови кои помагаат при парадентоза

Парадентоза или правилно и стручно парадонтитис, претставува воспаление  на гингивите – забното потпорно ткиво, лигаментите и коските. Оваа болест на непцата е доста често застапена, а за тоа покрај генетски предиспозиции се јавуваат уште многу дополнителни причини кои можат да ја предизвикаат или влошат, па навременото превенирање, лекување и континуирана хигиенска нега се клучни за што подолго одржување на здравјето на непцата. 

Симптоми на парадентоза

Парадентоза настанува поради воспаление на забното месо кое се манифестира со црвенило и крвавење додека се четкаат забите со четката, или може да се забележи крвавење при допир. На рабовите на забите се создаваат наслаги на забен камен, што предизвикува оголување на забот. Како резултат на ова, забите почнуваат лесно да се разнишуваат, дури и да паѓаат.

Парадентоза е честа појава кај дијабетичарите, луѓе кои имаат генетска склоност на слабост на сврзното ткиво (покрај проблемите со непцата, често имаат хемороиди и попуштени вени), кај лица со слаба циркулација и пушачи. Парадентозата е сериозен проблем, а пациентот мора редовно да посетува стоматолог.

И покрај тоа што забното месо крвави и боли, забите мора редовно да се мијат со четката со средна цврстина, а додатно да се чистат и со конец. Четкањето на забите секогаш треба да почнува од непцата према забите, а не обратно, така што не треба да го туркате и со четката зафаќате непцето, бидејќи и така забното месо е повлечено, а вратот на забот е оголен, па забот е осетлив на топло, ладно, слатко и кисело. Како крајна фаза при оваа болест, неопходно е пациентите да ги извадат сите заби (забите обично се здрави) и да ги заменат со вештачки. Тоа претставува голем психички и физички проблем, а исто така и финансиски трошок.

Лековитите растенија како помош при парадентоза

За намалување на воспалението, се препорачува чај за гаргара од коњско опавче, жалфија и дабова кора, која е одлична комбинација за уништување на бактериите и чистење на устата. Со овој чај правете гаргара по неколку минути и плукнете ја течноста. При парадентоза се препорачува и храна богата со витамин С, магнезиум и прополис.

жалфија - домашен лек против парадентоза

Како да го намалите воспалението на јазикот?

Со тинктура од прополис намачкајте го забното месо 2 пати на ден. Уште подобро е да се користи прополис во спреј, со кој полесно може да се испрскаат непцата и јазикот.

Тинктура од жалфија, чемпрес, чај од еукалиптус и мента, исто така помагаат при воспаление на гингивите, како и на јазикот. Доколку јазикот е црвен, боли, печи, пациентот не може да јади, потребно е да се намачка со тинктура, а  исто така и по неколку минути јазикот треба да се премачка со специјална маст од лековити растенија и прополис.

Како да ги ублажите афтите и габичните заболувања?

Ако ве мачат афти или црвено-бели болни меурчиња, тоа значи дека имате габична инфекција во устата. Редовно треба да ја употребувате тинктурата со прополис или со чаеви. Бидејќи габите лесно се размножуваат, за да го намалите нивниот раст, мора да го исфрлите или намалите внесувањето на шеќер во исхраната, како и слатките, печивата со многу квасец, кикириките и печурките.

Оралната  хигиена е многу важна, но не заборавајте дека за време на терапијата треба да пиете незасладени чаеви. Преку чаевите се внесуваат сите лековити состојки во целиот организам и крвотокот. Така се подобрува циркулацијата, а со тоа се хранат сите наши клетки и ткива.

Како резултат на тоа клетките на непцата  и потпорните ткива на забите добиваат повеќе кислород, хранливи материи и други лековити состојки., при што забите ќе  бидат поздрави и поиздржливи. Чајната мешавина од жалфија, камилица, коприва, коњска опашка, смрека и анасон, доволно е да се пие пола литар до литар дневно. За време на терапијата, практикувајте и прошетката на чист воздух и сонце. Сонцето ни помага да се создаде витамин D, а тој е значаен здравјето на сите коски, како и за забите.

Оралната хигиена, сонцето, лековитите растенија и посетата на стоматолог се добитна комбинација за здрави и убави заби.

Сподели: