Д-р Нела Деспотовска советува: Ослободете се од непријатното зуење во ушите

Секогаш се добредојдени прашањата од читателите! Особено нè радува тоа што ни се обраќаат токму нам, а ние им помагаме колку што сме во можност. Овој пат, наша читателка се обрати за еден релативно чест проблем, а тоа е зуење во ушите. За да ѝ ги дадеме најдобрите, прашањето го испративме до Д-р Нела Деспотовска, која како и секогаш, со задоволство ни одговори. Во оваа прилика, тие совети ги споделуваме и со вас.

Ако ви зујат ушите или некогаш сте се соочиле со таков проблем, тогаш сигурно знаете колку тоа може да биде непријатно. Можеби не е некоја посериозна состојба, но сепак е неубаво чувство и индикатор на нарушување на здравјето.

зуење во ушите 2

Која е причината поради која се јавува зуење во ушите?

Зуењето во ушите или тинитус најчесто се јавува како резултат на оштетување на слушното тапанче, слушните ковчиња, внатрешното уво или нервот кој е одговорен за пренос на звучните сигнали. Точниот механизам за појава на тинитусот не е познат. Се претпоставува дека тоа е поради прекумерната активност на влакнестите клетки кои граничат со оштетениот дел на кохлеата – дел од увото или може да биде резултат на отосклероза (после нелекувани воспаленија) или на некои токсични лекови.

Тинитусот може да биде симптом и на некое здравствено нарушување, како висок крвен притисок, намалена активност на штитната жлезда. Ако бучењето е придружено со болка или гној во ушите тоа укажува на инфекција во увото.

Симптоми на тинитус

Најчести симптоми на тинитус се звуци во ушите (ѕвонење, шумови, брмчење, свирење), а понекогаш и губење на слухот. Тинитусот може да предизвика непријатно чувство, проблем со концентрација и спиење, а може да влијае и на работата.

Препораки за полесно справување со зуењето во ушите

Се препорачува избегнување на гласни звуци и ототоксични лекови (лекови кои се штетни за увото како аспирин, стрептомицин, гентамицин и сл.) кои дополнително можат да направат оштетување.

Обратете внимание и на исхраната. За да се подобри циркулацијата во ушите, внесувајте храна богата со незаситени масни киселини. Намалете го внесот на сол, транс масти, рафинирани шеќери, вештачки засладувачи, кофеин и алкохол. Консумирајте повеќе:

  • ананас
  • банани
  • лук
  • пилешко на скара
  • лубеница
  • киви
  • авокадо

Користете додатоци на исхраната

  • Methyl B12. Methyl B12 спаѓа во групата витамини растворливи во вода. Присутен е во секоја клетка и игра важна улога во огромен број биолошки процеси. Учествува во синтезата на ДНК и синтезата на крвните клетки. Исто така е вклучен во синтезата на обивката од миелин околу нервите и спроведувањето на импулсите до мозокот. Methyl B12 го поддржува нервниот систем и е неопходен за производство на енергија. Има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем.
  • Докажано е дека магнезиумот помага против хроничното зуење на ушите. Магнезиумот е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е задолжителен кофактор за околу 300 ензими. Магнезиумот придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста, нормален енергетски метаболизам, нормална ментална функција и нормално функционирање на нервниот систем. Ншите пријатели Тримекс имаат Magnesium меки капсули, Magnesium Malate и Magnesium Citrate.
  • L-OptiZinc е уште еден одличен минерал кој може да ви помогне во борбата против зуењето. L-OptiZinc е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Содржи цинк во високо биорасположлива форма и бакар. Претставува имунолошка поддршка, има антиоксидансни својства и супериорна клеточна заштита.
  • Selenium. Селенот има важна улога во зачувување на функцијата на мозокот и многу невролошки болести. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Освен тоа, Selenium, помага за поддршка на тироидната жлезда, јакнење на имунитетот, го намалува ризикот од срцеви болести, ги намалува симптомите на астма.

Производите може да ги набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Истите се достапни и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Совет плус: Против зуење во ушите добро е увото да го напарите над чај од камилица, а потоа во увото се става мало парче памук натопено во бадемово масло. Се повторува неколку пати до оздравување.

Ви препорачуваме да прочитате: Што може да помогне при тинитус – зуење во ушите?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagramи Pinterest. 

*Спонзориран текст.

Сподели: