Олеснето мерење! – Претворете чаши во грамови

Сигурно во многу рецепти на интернет, од вашите мајки, баби или пријателки сте забележале дека количините на состојките се запишани во шолји. Во тој случај најчесто станува збор за чаша од 250 мл. Сепак, на многу домаќинки им е полесно состојките да ги мерат со грамови. Затоа сме тука ние да ви помогнеме за олеснето мерење на намирниците.

Сакате да пробате рецепт каде количините на состојките се напишани со чаши, а вие сте навикнати да мерите со кујнска вага? – Еве како да ги претворите чашите во грамови.

Путер:

  • 1 чаша = 227 г
  • 1/4 чаша = 57 г
  • 1/3 чаша = 76 г
  • 1/2 чаша = 113 г

Брашно и шеќер во прав:

  • 1/4 чаша = 32 г
  • 1/3 чаша = 43 г
  • 2/3 чаша = 85 г
  • 3/4 чаша = 96 г
  • 1 чаша = 136 г

Овесни снегулки:

  • 1/4 чаша = 21 г
  • 1/3 чаша = 28 г
  • 1/2 чаша = 43 г
  • 1 чаша = 85 г

Бел шеќер:

  • 1/4 чаша = 50 г
  • 1/3 чаша = 67 г
  • 1/2 чаша = 100 г
  • 2/3 чаша = 134 г
  • 3/4 чаша = 150 г
  • 1 чаша = 201 г

Кафеав шеќер:

  • 1/4 чаша = 55 г
  • 1/3 чаша = 73 г
  • 1/2 чаша = 110 г
  • 1 чаша = 220 г

Мед, меласа и сируп:

  • 1/4 чаша = 85 г
  • 1/3 чаша = 113 г
  • 1/2 чаша = 170 г
  • 2/3 чаша = 227 г
  • 3/4 чаша = 255 г
  • 1 чаша = 340 г

Други исто важни мерки:

  • 1 чаша чоколадо во коцки (парчиња) = 152 г
  • 1 чаша какао во прав = 128 г
  • 1 чаша сечкани ореви = 122 г
  • 1 чаша кокосово брашно = 71 г
  • 1 чаша маргарин = 205 г
  • 1 чаша цели ореви = 99 г

Ви препорачуваме да прочитате: Како да мерите без кујнска вага?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: