Природен сок за прочистување на црниот дроб

Здравиот и чист црн дроб ни обезбедува здравје, виталност, убав изглед и добро расположение. Затоа, од клучна важност е да го одржиме таков и да не заборавиме дека барем повремено мора да преземаме соодветни мерки, како што е консумација на природен сок за прочистување на црниот дроб.

Едно од најздравите средства и методи за здрав црн дроб е да испиете лажица маслиново масло помешано со лажица лимонов сок, а потоа може да уживате во појадокот. Народната медицина изобилува со разни рецепти  за здрав црн дроб и здрав организам, а ние ви препорачуваме да го пробате рецептот за сок за прочистување на црниот дроб, кој ја зачувал виталноста на многумина и се практикува години наназад.

Природен сок за прочистување на црниот дроб

Состојки:

  • 500 мл вода (превриена и изладена)
  • 6 свежи лимони
  • средно голем корен од ѓумбир
  • 3 овошки грејпфрут
  • 4 чешниња лук
  • 3-4 прстофати ким во прав
  • неколку ливчиња свежо нане
  • 3 лажици ленено семе.

Подготовка:

  1. Прво исцедете го сокот од лимоните и грепфрутот, а лукот и ѓумбирот ситно исечкајте ги во блендер, а потоа со малку вода отстранете ги сите малечки парчиња за да не останат налепени на блендерот.
  2. Сокот помешајте го со водата која сте ја припремиле претходно и повторно ставете го во блендер.
  3. Додајте ги и сите останати состојки, уште малку блендирајте и сокот е готов.

Домашниот сок за прочистување на црн дроб се пие на утро пред појадок во количина на мало ракиено чаше или околу 30-40 мл.

Ви препорачуваме да прочитате како може да направите домашен природен сок за подобрување на крвната слика.

Сподели: