Топ 7 намирници кои се афродизијаци 1

Топ 7 намирници кои се афродизијаци

Храната која што ја консумирате може да има директно влијание врз вашиот сексуален живот, да влијае врз вашите хормони и функцијата на мозокот, како и врз нивоата на енергија и стрес. Оваа содржина ја посветивме на намирниците познати како афродизијаци, кои влијаат поволно за потенција, сексуална желба и продолжување на чинот на физичка љубов.

Некои видови на храна имаат психоактивни својства и влијаат на различни начини врз нашиот организам. Афродизијак е супстанција која ја зголемува сексуалната желба, а функционира така што го зголемува протокот на крв во гениталиите, а називот афродизијак потекнува од Афродита, грчката божица на љубовта и сексуалноста. Уште порано во историјата многу намирници, пијалаци и начини на однесување стекнале репутација која ги поврзува со пријатни ефекти во сексуалниот живот. Најпознати и наjпосакувани афродизијаци се:

Чоколадо

Чистото чоколадо е крал на природните афродизијаци. Содржи многу соединенија вклучувајќи анандамин и фенилетиламин, кои се сметаат за љубовни состојки бидејќи ослободуваат допамин со помош на кој мозокот испраќа сигнали на возбуда, атракција и еуфорија. Какаото исто така содржи триптофан, клучна компонента за невротрансмитерот серотонин да промовира чувство на благосостојба и релаксација.

afrodizijaci 2

Банани

По својата форма поврзаноста со сексуалноста се смета очигледна. Покрај тоа бананите се богати со калиум, магнезиум и Б витамини, а исто така и минерали од групата на хелати (биодостапни и органски минерали) и бромелин – ензим за кој се смета дека го подобрува машкото либидо.

Бадеми

Бадемите се симбол на плодност низ вековите, со арома која ја зголемува страста кај жените. Можете да консумирате како десерт во комбинација со овошје.

Кафе

Кофеинот е познат како стимуланс за памтење, а кога се консумира премногу делува како депресив. Служете мали количини темно кафе во симпатични интересни чаши. Кафето ги стимулира и мозокот и телото, што е причина во светот е познато како „all nighter“.

Мед

Голем број на лекови во времето на Египјаните биле базирани на мед, вклучително и лековите за инпотенција и стерилитет. Средновековните заводници предиграта ја започнувале со медовина, ферментиран пијалок од мед. Вљубените на својот „меден месец“ пиеле медовина со претпоставка дека така ќе го „засладат“ бракот.

Ванила

Се верува дека аромата и вкусот на ванила ја зголемуваат страста. Според старо учење, Ханат – помладата ќерка на Мексиканската божица на плодноста била заљубена во синот на господарот Тотон. Но, не можела да се омажи за него, па се трансформирала себе си во растение кое ќе овозможува задоволство и среќа – ванила. Почестете се со чаша шампањ и додајте стапче ванила.

Вино

Една или две чаши вино може да ги подобри романтичните моменти. Виното опушта и ги стимулира нашите сетила. Пиењето вино може да биде еротско искуство, а кон тоа придонесува неговата арома и нежно допирање на чашата со усните. Голема количина на вино дава ефект на приспивност.

Препорачуваме да прочитате и идеи за прослава на љубов на повеќе начини.

Клучни зборови:

Сподели: