акни

3 природни начини за лекување на акни

Акните најчесто се јавуваат во време на пубертетот, но многу возрасни се соочуваат со овој проблем, кој предизвикува оштетување и лузни на кожата. Една од најчестите причини за појава на акни се жлездите произведуваат масна течност, позната како себум, кој проаѓа низ мртвите клетки на кожата врз нејзината површина. Транспортот на себумот се прави низ фоликулите, а понекогаш тоа  предизвикува нивно блокирање и акумулација на масната течност под кожата. Тоа доведува до насобирање на бактерии кои доведуваат до појава на акни.

За да го решите проблемот со акните и да ја освежите кожата на лицето ви предлагаме неколку природни начини кои сигурно ќе ви помогнат.

Сок од лимон

Сокот од лимот содржи состојки кои се ефикасни при лечење на акните, а помага за прочистување на порите. Меѓутоа, сокот од лимон треба внимателно да се користи затоа што доколку се користи често, може да доведе до исушување на кожата.  Постојат два начини за да го искористите лимонот при третман на кожа со акни:

  • Измешајте сок од лимон со вода од рози и со овој раствот измијте го лицето два пати во текот на неделата.
  • Земете еден лимон и пресечете го на половина, а потоа истријте ги проблематичните делови на лицето. Оставете сокот да делува неколку минути, а потоа лицето измијте го со вода.
акни

Направете маска од овес

Овесната каша има спосовност да го впие вишокот на маснотии кои предизвикуваат појава на акни. За да ја користите овесната каша како лек, измешајте половина чаша сок од лимон со една лажица мед. Смесата додајте ја во една чаша варена овесна каша, измешајте и маската нанесете ја врз лицето. Оставете ја да делува 30 минути, а потоа лицето измијте го со млака вода.

Кора од портокал

Кората на портокал е богата со витамин Ц, кој е важна состојка за лекување на акните. За да ја искористите кората од портокал како лек за акни, направете го следното:

  • Кората од портокал исушете ја на сонце. Потоа, добро измелете ја да направите прав. Правот од кората измешајте го со малку вода, за да добиете паста. Пастата нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 10 минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода.

Совет плус за да го решите проблемот со акните

Не ја занемарувајте домашната нега. Со секојдневен труд, упорност и трпение, може да постигнете резултати кои ќе ве радуваат и ќе ве ослободат од акните и митесерите. Комбинацијата од неколку производи наменети за акни значително го зголемува ефектот и се постигнуваат одлични резултати за кратко време. Овие производи се решение за оние кои имаат  проблематична кожа на лицето со акни и  црвенила. Наменета е за млади и за возрасни лица и за сите типови кожа. Може да се користи во домашни услови и ефикасно заменува класични козметички третмани за чистење на лицето.

Ви предлагаме да прочитате: 8 намирници против акни.

Сподели: