Класчината медицина вели дека артериосклерозата прогресивно се развива и дека не може да се спречи. Но, Д-р Дин Орниш во 1990 година, прв докажал дека исхраната, вежбањето и намалувањето на стресот се важни фактори во лекувањето на оваа болест. Тоа во 2010 година е признато во САД и е прифатено како официјална терапија. Затоа, потрудете се да ги консумирате овие 4 намирници кои ја стопираат артериосклерозата.
Д-р Дин Орниш за лекување на срцевите заболувања користел растителна (вегетаријанска) исхрана во комбинација со редовни прошетки, социјална поддршка и методи за намалување на стресот. Тој конкретно не нагласил кои растителни намирници треба посебно да се користат или кои се особено корисни за спречување на артериосклерозата. Сепак, како што кажува Д-р Џоел Кан, професор по кардиологија и еден од водечките стручњаци во САД за превенција на срцеви заболувања, некои понови истражувања докажале дека постојат 4 растителни намирници кои се особено корисни за спречување на артериосклерозата. А еве кои се тие:

Калинка
Ова овошје има силни антиоксидансни својства кои може да влијаат на функционирањето на ХДЛ холестеролот и на тој начин да ја спречат артериосклерозата. Две неодамнешни истражувања покажале два значајни факти. Имено кај една група испитаници кои консумирале калинки се намалило оштетувањето на артериите. А кај 5 испитаници кои користеле калинки во период од 3 години, стеснувањето на каротидните артерии се намалило.
Може да ве интересира: Калинка – спасител на срцето и чувар на косата.
Лук
Многу истражувања потврдиле дека лукот поседува способност да го намали високиот крвен притисок, холестерол и да го спречи згуснувањето на крвта. Ако се користи во исхраната во комбинација со кромидот, се обезбедуваат оптималните количини на сулфур, кој е значаен антиоксиданс. Едно истражување кое се реализирало во временски период од една година и ги испитувало артериите кај испитаниците кои редовно користеле лук, покажано дека постои намалување на наслагите на артериите.
А кога сме кај домашните лекови со лук, ви предлагаме да прочитате: Германски напиток кој ги прочистува крвните садови и го штити срцето.
Бергамот
Содржи моќни антиоксиданси кои го намалуваат нивото на шеќер во крвта и холестеролот. Едно истражување ја следело состојбата кај испитаници со задебелени каротидни артерии. Притоа експертите забележале дека по шест месеци терапија со суплементи од бергамот, наслагите на каротидите биле намалени.
Зелен чај
Содржи многу биоактивни компоненти кои може да го намалат оксидативниот стрес, воспаленијата, како и холестеролот. Научно е утврдено дека постои врска меѓу консумацијата на зелен чај и намален ризик од срцеви заболувања. Дознајте зошто се вели дека зелениот чај е на врвот на листата на најздрави лековити пијалоци.
Совет плус: Доколку се одлучите да ги консумирате овие 4 намирници, тоа треба да биде умерено. За сите прашања, најдобро е да се советувате со вашиот лекар, кој ја знае вашата здравствена состојба и потреби.
Ви предлагаме да прочитате: 6 намирници за здраво срце и крвни садови.