ќеси за отпадоци

7 невообичаени примени на ќесите за отпадоци

Се подготвувате за преселба, сакате да складирате или можеби да транспортирате нешто? Дали знаете дека може да ги искорисите ќесите за отпадоци за пакување и заштита на облеката и предметите? Освен тоа што се одлични за складирање на работи што сакате да ги фрлите, можете исто така да ги користите и за пакување постелнина, ткаенини, меки играчки и други некршливи работи.

Попрактични се од картонските кутии бидејќи не зафаќаат многу простор, поефтини се и може да ги искористите повторно кога ќе имате потреба. А од текстот во прилог дознајте за што друго може да ви бидат од корист.

ќеси за отпадоци

Еве 7 невообичаени примени на ќесите за отпадоци:

За заштита на алишта закачени на закачалки

Заштитете ги обесените алишта во плакарот. Почнувајќи од дното на облеката, лизгајте ја ќесата на горе и прицврстете ги врвките околу вратот на закачалката.

За пакување облека и крпи 

Убаво здиплете ги и наредете ги ткаенините што сакате да ги спакувате. Потоа, наполнете ја вреќата онолку колку што може да собери (ќеса за отпадоци од 56 литри може да собере околу 40 кг тежина). Затворете ја и зацврстете ја со врвка на врвот.

За пакување постелнина

Перниците заземаат голем простор во кутиите, но како и горенаведените предмети, тие не бараат толку цврста основа за транспорт. Наместо тоа, пакувајте ги во кеси за ѓубре и зачувајте ги кутиите за нешто друго.

Спакувајте плишани и други играчки што не се кршат

Брзо средете ја собата на вашето дете собирајќи ги сите плишани и некршливи играчки во кеса за ѓубре. Покрај тоа што ќе ја завршите целата работа брзо и лесно, исто така лесно ќе можете и да ги најдете.

За транспорт на растенија

Ако не сакате целосно да го затворите растението во кеса за ѓубре бидејќи ќе го прекинете протокот на воздух, можете вреќата да ја ставите околу основата на растението, вклучувајќи го и самиот сад до стеблото. Користете коноп за да ја врзете, а штом сте на новото место, внимателно отстранете ја ќесата, така што ако испадне некоја нечистотија, нема да го извалкате автомобилот.

Користете ги како помошен материјал при пакување

Ги спакувавте работите во картонска кутија, но ви остана празен простор измеѓу предметите? Не грижете се. Земете најлонска ќеса, формирајте топка и пополнете го празниот простор. На тој начин предметите нема да се движат при транспортот и да се оштетат.

Користете ги како дополнителен слој за заштита на електрониката

Добра идеја е да ја завиткате електрониката како телевизори, печатари и звучници кога ги преместувате, а ќесите се одлични за заштита од влага и нечистотија.

Совети плус:

  • Не пакувајте ништо остро или кршливо во ќеса за ѓубре.
  • Означете ги спакуваните ќеси. Неопходно е да ги означите сите кеси за ѓубре што ги користите за пакување бидејќи во спротивно, нема да знаете што сте спакувале и тоа да заврши во кантата за отпадоци. Користете креп трака или обична леплива лента и пишувајте со маркер.
  • За подобро складирање, пакување или поголема заштита на предметите и ткаенините ви препорачуваме да ги користите новите TYTAN FLEX ќеси од Fino. Fino Tytan Flex вреќите за ѓубре се со врвен квалитет, исклучителна цврстина, издржливост и еластичност. Доколку ги користите за отпадоци, имајте на ум дека уникатниот повеќеслоен релјефен дизајн помага за задржување на течностите во кесата и го спречува нивното истекување. А тоа ги прави пријател на вашата кујна! Имаат помала транспарентност и поголема густина. Fino Titan Flex вреќите за ѓубре имаат врвка, па лесно може да ги зацврстите без да користите дополнителни средства. За да ги разгледате сите нови и практични производи следете ги FINO на Instagram и Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 трикови за чист и уреден дом.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е овозможен од FINO.

Сподели: