Техника за виткање на срце од салфетка

Техника за виткање на срце од салфетка

Срцето е еден од најстарите и најпознатите симболи на нашата планета, покрај крстот и полумесечината како останати познати симболи. Така, доколку ве очекува некоја веселба, свадба, веридба, роденден или пак сакате да ја изненадите саканата личност, ви предлагаме да направите срце од салфетка за секој драг гостин и да уживате во нешто кое со причина бележи предолга традиција.

Во некои култури срцето симболизира љубезност и сплотеност, а во одредени традиционални култури е симбол на интелегенција и интуиција.

Старите Египјани се можеби и првата цивилизација која му дала значење на срцето како симбол и значаен орган поврзан со емоции. Имено, за време на процесот на мумификација, од покојните се ваделе сите органи освен срцето за кое се сметало дека тука престојува душата на господарот на телото. Во западната иконографија срцето влегло преку старите Грци и тоа како симбол за прикажување на листови од бршлен или винова лоза, кои означувале постојаност и регенерација. Со доаѓањето на христијаните пак, кои сметале дека љубовта нема ништо физичко со деловите од телото, срцето било симбол на виното, повторно раѓање и надеж.

Првата вистинска врска помеѓу љубовта и срцевидниот облик е воспоставена во средниот век, со доаѓањето на учтивата и романтична љубов. Се смета дека таквата, романтична љубов која ги поставувала жените на пиедестал, а мажите на колена христијаните ја презеле од исламскиот свет. Срцето е симбол кој прикажува непрекината љубов кон дамите, во разни бои на обликот – зелена, сина, црвена и црна, и како такво се појавувало на штитовите и барјаците на витезите.

Следете следните чекори како што тоа е прикажано во видеото и на лесен начин направете срце од салфетка. Може да ги направите со салфетки во црвена боја или изберете боја по ваша желба. Каква и да е бојата која ќе ја одберите, ќе имате богата трпеза и спремна за убави гости, а тие ќе бидат благодарни на вас како домаќини, бидете макар и срце од салфетка означува мало внимание и чувство на топлина и љубов кај оној кој ќе ја користи. Уживајте!

Сподели: