понекогаш на овој важен орган потребна му е детоксикација. Еве како може да направите тридневен детокс на белите дробови со помош на природни сокови.

Тридневен детокс на белите дробови со помош на природни сокови

Иако секој орган во човечкото тело е важен на свој начин, сепак белите дробови и црниот дроб навистина заслужуваат посебно внимание, бидејќи тие се најголемите чистачи на организмот. Белите дробови со вдишувањето и издишувањето влијаат на филтрација на јаглерод диоксидот, мувлата, токсините и алергените во воздухот, но понекогаш на овој важен орган потребна му е детоксикација. Еве како може да направите тридневен детокс на белите дробови со помош на природни сокови.

Напиток со јаболков оцет за детоксикација на белите дробови

Без разлика дали сте пушач или не, на вашите бели дробови повремено им е потребна детоксикација. Воздухот, особено ако живеете во град е заситен со загадувачи, индустриски чад и издувни гасови од автомобилите. Таквите загадувачи предизвикуваат оштетувања на плуќата, кои со тек на време може да доведат до хронична опструктивна белодробна болест. Откако ќе бидат вдишани токсините, тие се лепат на ѕидовите на белите дробови и ја намалуваат нивната еластичност. Во воздухот кој го дишете на отворен и затворен простор освен прашина, може да бидат пристувни и честички на жива, арсен, олово, бензен, диоксини… Сите овие штетни состојки, еднаш кога ќе стигнат до респираторниот систем го нарушуваат и физичкото и менталното здравје. Освен тоа, кога белите дробови ќе се наполнат со токсини, нивната способност на ширење при двишување значајно е ограничена, што значи дека и дотокот на кислород е намален. Ве советуваме повремено, барем еднаш годишно да спроведите детокс и да ги исчистите белите дробови од вишокот слуз и токсини како би можеле непречено да ја вршат својата функција. Ви препорачуваме неколку дена со ред да консумирате напиток на база на јаболков оцет.

заболување на белите дробови

6 симптоми кои сигнализираат заболување на белите дробови

Респираторниот систем е еден од најважните „механизми“ во нашето тело. Го снабдува телото со кислород и учествува во процесот на дишење и размена на гасовите. И, иако дишењето е нешто за кое веројатно не размислувате многу, го правите тоа околу 25.000 пати во текот на денот. А, појавата на отежнато дишење или кашлица можат да бидат првите симптоми кои сигнализираат заболување на белите дробови, вклучувајќи хронична опструктивна белодробна болест, астма, а во најлош случај и карцином на белите дробови. Препознавањето на раните предупредувачки знаци може да ви помогне да добиете соодветен третман, пред болеста да стане сериозна или да биде опасна по живот.

Напиток од 5 состојки за чисти бели дробови кај пушачите 1

Напиток од 5 состојки кој ги чисти белите дробови кај пушачите

Добро е да знаете дека може да направите сами напиток кој ќе има помогне на многу пушачи да имаат чисти бели дробови, а посебно е корисен за луѓето кои подолго се трудат да се одвикнат од оваа нездрава навика.