Снабденоста на организмот со витамин Д претставува неопходност за здравјето на долг рок. И, иако сите знаеме дека добивањето и одржувањето на витаминот Д е релативно лесно во месеците кога има сонце, доста е потешко кога станува збор за зимските месеци.
Сончевиот витамин Д-3 е значаен за коските и забите
Витаминот Д-3 е витамин растворлив во масти. Се разликува од останатите витамини, по тоа што е единствениот кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во провитамин Д-3, којшто понатаму се претвора во витамин Д3 (холекалциферол). Има повеќе улоги во организмот, а најпознат е како сончев витамин кој е од особено значење на коските и забите.