Што може да помогне при затнат нос во зима?

Дали знаете некој кој преку целата зима има затнат нос? Дали тоа сте вие? Понекогаш изгледа дека зимските месеци и затнатиот нос одат во пар. Спротивно на ова мислење, ладното време само по себе не предизвикува затнат нос – но условите кои доаѓаат со ладното време често се причинители на таа појава. Во продолжение дознајте ги причините кои доведуваат до затнат нос во зима и што може да направите во врска со тоа.

4 природни начини како да се ослободите од затнат нос 1

4 природни начини како да се ослободите од затнат нос

Во време на грип и настинки, затнатиот нос е многу честа појава. Сите ја мразиме таа непријатност, затоа што не можеме да спиеме на раат, а ни да се движиме. Ако сте имале затнат нос, знаете дека најтешко е во ноќните часови. Дишењето станува отежнато, а тоа може да потрае додека ви помине настинката или грипот.