Д-р Нела Деспотовска советува: Што може да помогне при испукана кожа на прстите и рацете?

Кожата во зима повеќе ти се суши, а понекогаш и пука? Црвенилото и болката околу испуканото место ти прават непријатности? Имаш пробано да користиш кремови за раце, но не ти помагаат? – Имаме неколку супер совети од Д-р Нела Деспотовска кои мора да ги прочиташ. А што ако ти кажеме дека сувата и испукана кожа на прстите може да е предизвикано од недостаток на витамини во зимскиот период? Си размилсувал за тоа? – Ајде да почнеме!

испукана кожа 1

Испукана кожа на раце и стапала – што ја предизвикува и како да си помогнете

Ве мачи испукана кожа на рацете и стапалата?  – Иако смета и иритира, закрепнувањето на сувата кожа е подолг процес за кој е потребно повеќе време и посебна нега. Доброто е тоа што може да среди лесно, со следење на неколку совети.