зимско јаболко

Зимско јаболко (Шалган) – зеленчук со бројни здравствени придобивки

Зимското јаболко ретко се среќава на нашите пазари, а има голем број на здравствени придобивки. Во различните краеви во земјата, покрај зимско јаболко, овој зеленчук е познат како шалгани, земјени јаболка и кркушки. Често се наоѓа во природата, а на нас останува да го вклучиме во нашата исхрана и да ги искористиме благодетите кои ги нуди.