8 домашни средства за лична хигиена направени со сода бикарбона 1

8 домашни средства за лична хигиена направени со сода бикарбона

Сигурно веќе сите во својата кујна имате ќесичка со сода бикарбона која ја користите повремено за приготвување на колачи и палачинки или можеби и за ублажување на симптомите при киселини во желудникот. Но, содата бикарбона може да се користи и за многу други намени, па дури и за подготовка на домашни средства за лична хигиена.