Речиси 80% од луѓето над 60 години имаат остеоартритис, а жените се поподложни на ова заболување. Што е остеоартритис, кои се симптомите и како билката мајча канџа може да помогне? – Ви откриваме од новиот разговор со Д-р Нела Деспотовска.
Ако се навратиме во минатото, ќе забележиме дека претците ги користеле лековитите растенија за лекување на различни состојби. Така, старите перуански племиња се лекувале со билката мачја канџа. Ја користеле за различни болести меѓу кои и артритис. Што е мачја канџа? Дали ја има кај нас? За што сѐ може да се користи? – Одговор на овие прашања ни даде Д-р Нела Деспотовска.