Кандида како последица од пад на имунитетот и како да ја победите

Животот денес е исполнет со неизвесност, голем број грижи, како и разни стресни информации и случувања во околината. Брзиот тренд на настани во секојдневнието, притисокот да внимаваме на себе постојано и насекаде, е тука. Многу наши познаници се соочуваат со последиците од болестите на модерното време, меѓу кои е и корона вирусот. Со надеж да ви олесниме и да ја поттикнеме дополнително вашата грижа за себе, разговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Овој пат, посветивме време на појавата на кандида како последица од пад на имунитетот.