Превенцијата и препознавање на уринарните инфекции спречува последици

Под поимот, инфекција на уринарниот тракт може да се мисли на инфекција во кој било дел од уринарниот систем и тоа бубрезите, мочните канали, мочниот меур или т.н. мочна цевка, уретрата. Но, најчесто, повеќето инфекции се појавуват на долниот дел од уринарниот тракт – мочниот меур и уретрата. Постојат повеќе причини зошто мора да се внимава и како да го зачувате нормалното и лесно функционирање на овој систем. Во овој текст, благодарение на Д-р Нела Деспотовска, ве советуваме што е важно за препознавање на уринарните инфекции и како да се справите со нив.